Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Рубио со порака до Куба: „Ќе ја научат лекцијата на потешкиот начин“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-libraryhes0fpoeh6aoaq1oydh

Американскиот државен секретар Марко Рубио порача дека САД се надеваат оти Куба ќе избере „поинаков пат“, предупредувајќи ги оние што сметаат дека можат да го дочекаат крајот на администрацијата на претседателот Доналд Трамп без промени.

„Се надеваме дека Куба ќе избере поинаков пат и дека некои од луѓето кои ја контролираат кубанската влада ќе ги отворат очите за реалноста со која се соочуваат“, изјави Рубио за „Фокс њуз“.

— реклама —

Администрацијата на Трамп претходно соопшти дека нејзина цел е промена на комунистичката влада на Куба.

— реклама —

Рубио оцени дека дел од луѓето на Куба сè уште веруваат дека можат да го дочекаат крајот на актуелната американска администрација без да направат промени.

„За жал, меѓу луѓето кои таму продолжуваат да извикуваат револуционерни слогани, премногу од нив сè уште веруваат дека можат да го дочекаат крајот на оваа администрација и да не направат никакви промени или да не преземат ништо. Грешат и ќе ја научат лекцијата на потешкиот начин ако не се поправат“, рече Рубио.

— реклама —

САД претходно годинава воведоа нафтена блокада кон Хавана, што создаде дополнителен притисок врз Куба, која се соочува со недостиг на гориво и прекини на електричната енергија.

— реклама —

Кубанскиот министер за надворешни работи Бруно Родригез во саботата пред Генералното собрание на ОН изјави дека Куба секогаш ќе биде отворена за дијалог со Вашингтон.

Во меѓувреме, Трамп во текот на викендот изјави дека очекува САД и Куба да постигнат договор и дека не смета оти ќе биде потребна воена акција.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryhes0fpoeh6aoaq1oydh

Рубио: Трамп ќе одлучи дали Зеленски ќе присуствува на самитот во Мајами

Свет | пред 1 седмица

— реклама —
media-library7b2po1sthnnv8xXcDjJ

Рубио повика на заедничка акција на земјите-членки на Г20

Свет | пред 1 седмица

media-library7b2po1sthnnv8xXcDjJ

Рубио негира дека САД престанале да ѝ доставуваат разузнавачки информации на Украина

Свет | пред 3 седмици

media-library7b2po1sthnnv8xXcDjJ

Рубио: Војната во Украина е во опасна позиција

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања