Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Рубио: САД нема да дозволат ниту еден случај на ебола да влезе во земјата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-libraryhes0fpoeh6aoaq1oydh

Соединетите Американски Држави нема да дозволат ниту еден случај на ебола да влезе во земјата поради актуелната епидемија во Демократска Република Конго, изјави американскиот државен секретар Марко Рубио.

— реклама —

„Не можеме и нема да дозволиме ниту еден случај на ебола да влезе во САД“, изјави Рубио за време на состанок на кабинетот на американскиот претседател Доналд Трамп.

Според податоците, во Демократска Република Конго досега се регистрирани околу 900 заразени лица, а постои сомнеж за 220 смртни случаи поврзани со епидемијата.

— реклама —

Рубио посочи дека американските институции, меѓу кои Стејт департментот, Центарот за контрола и превенција на болести (CDC) и Министерството за здравство, работат на сузбивање на кризата на терен.

— реклама —

Тој нагласи дека Вашингтон ја зголемил помошта за погодените земји, пред сè за Конго, со цел епидемијата да биде ставена под контрола уште на изворот.

Како мерка на претпазливост, американскиот CDC минатата недела воведе 30-дневни ограничувања за влез на патници кои во последните 21 ден престојувале во Демократска Република Конго, Уганда или Јужен Судан.

— реклама —

Мерките се однесуваат и на лицата со постојан престој во САД, а патниците од овие земји ќе поминуваат дополнителни проверки на три американски аеродроми.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryhes0fpoeh6aoaq1oydh

Рубио: Трамп ќе одлучи дали Зеленски ќе присуствува на самитот во Мајами

Свет | пред 1 седмица

— реклама —
media-library7b2po1sthnnv8xXcDjJ

Рубио повика на заедничка акција на земјите-членки на Г20

Свет | пред 1 седмица

media-library7b2po1sthnnv8xXcDjJ

Рубио негира дека САД престанале да ѝ доставуваат разузнавачки информации на Украина

Свет | пред 2 седмици

media-library7b2po1sthnnv8xXcDjJ

Рубио: Војната во Украина е во опасна позиција

Свет | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања