Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Рубио: Трамп го покани Путин на самитот на Г20 во Мајами

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-libraryrhfnvbj6ievfeNpGhYp
The White House

Американскиот државен секретар Марко Рубио потврди дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го поканила рускиот претседател Владимир Путин на самитот на Г20, кој во декември треба да се одржи во Мајами.

Рубио ова го соопшти по средбата со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, одржана на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк.

„За да ги решите проблемите, мора да се среќавате со луѓе со кои не се согласувате или со кои имате одредени проблеми. Затоа го поканивме претседателот Путин на Г20“, рече Рубио.

— реклама —

Тој додаде дека Вашингтон го гледа самитот како можност Путин да разговара не само со Трамп туку и со други светски лидери, а САД се надеваат дека рускиот претседател ќе ја прифати поканата.

Средбата меѓу Рубио и Лавров се одржа во период кога Вашингтон повторно се обидува да ги придвижи дипломатските разговори за војната во Украина.

Рубио по средбата рече дека и Русија и Украина покажале интерес за ограничен прекин на огнот што би ги опфатил нападите врз енергетската инфраструктура, како и безбедноста на извозот на жито и пловидбата во Црното Море.

— реклама —

„Мислам дека двете страни изразија интерес за некаков вид ограничен прекин на огнот што би ги опфатил житото и енергијата. Очигледно, ниту тоа нема да биде лесно“, рече Рубио.

Русија засега јавно не потврди дека е подготвена да прифати таков договор, а по средбата меѓу Рубио и Лавров не беше јасно дали неговите изјави претставуваат промена во рускиот став.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно изјави дека е подготвен да се сретне со Путин, вклучително и на можна трилатерална средба со Трамп.

Зеленски овој месец рече и дека би бил подготвен да присуствува на самитот на Г20 во Мајами доколку таму биде и Путин, нагласувајќи дека поважно е да се постигнат конкретни резултати отколку да се разменуваат изјави.

— реклама —

Кремљ досега одбиваше средба на неутрален терен и инсистираше Зеленски, доколку сака разговор со Путин, да дојде во Москва.

Путин сè уште нема потврдено дали лично ќе учествува на самитот на Г20 во Мајами.

И покрај новите дипломатски контакти, Кремљ непосредно пред средбата на Рубио и Лавров порача дека засега не гледа услови за преминување кон пошироки мировни преговори.

„Засега не постојат предуслови за преминување на мировен преговарачки пат, иако ние, како руска страна, остануваме отворени за мировни разговори“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Во меѓувреме, Украина порача дека е подготвена на прекин на нападите поврзани со пловидбата во Црното Море и енергетската инфраструктура доколку Русија прифати реципрочни мерки.

„Мораме од некаде да почнеме“, рече Зеленски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryumbu21pcj1j54KMMoFP

Трамп размислува за укинување на санкциите за рускиот инвестициски фонд

Свет | пред 1 час

— реклама —
zelenski-putin

Трамп најави средба Путин – Зеленски, но датумот сè уште не е познат

Свет | пред 1 час

netanjahu

Израел на избори во сенка на војната, иднината на Нетанјаху неизвесна

Свет | пред 1 ден

media-librarynlf082n693g829fA5Ci

Трамп го нарече муслиманскиот демократ „џихадист“, критичарите оценуваат дека ја преминал границата

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања