Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Румен Радев е новиот премиер на Бугарија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-libraryqa3vm3nggthqeLkO706
screenshot youtube

Румен Радев е избран за нов премиер на Бугарија, откако Народното собрание ја поддржа новата влада со 124 гласа „за“, 70 „против“ и 36 „воздржани“, со што доби зелено светло за формирање на кабинетот.

— реклама —

По свечената заклетва и интонирањето на бугарската и европската химна, дел од пратениците од партијата „Преродба“ демонстративно ја напуштија пленарната сала.

— реклама —

Радев порача дека граѓаните ставиле крај на политичката криза и дека новата влада ќе се фокусира на итни задачи, меѓу кои: усвојување на буџет, стабилизирање на исплатите, како и избор на нов Врховен судски совет и инспекторат. Тој нагласи дека работата ќе се темели на уставните принципи, поделбата на власта и владеењето на правото.

Во составот на новата влада се предвидени четири вицепремиери и 18 министри. Поранешниот технички премиер Галаб Донев ќе ја преземе функцијата министер за финансии и вицепремиер.

— реклама —

Министерството за надворешни работи ќе го предводи Велислава Петрова-Чамова, која најави „тивка дипломатија“ и фокус на заштита на националните интереси.

— реклама —

Од опозициските и европските кругови внимателно се следи новиот политички курс на владата, особено во делот на надворешната политика и односите во регионот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

jabolka

Бугарија враќа 19 тони јаболка од Македонија поради зголемено количество пестициди

Балкан | пред 7 часа

— реклама —
ilijana-jotova

Јотова победи на претседателските избори во Бугарија: „Господине Радев, без вас немаше да успееме“

Балкан | пред 1 ден

media-libraryb9dli1v36cpnecj0Eyi

Бугарите денеска избираат претседател: Во трката Илијана Јотова и поранешниот премиер Андреј Ѓуров

Свет | пред 2 дена

1669028980_2874109_rumen-radev_ls

„Мир или војна, демократија или корупција“: Радев за вториот круг од изборите

Балкан | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања