Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Русија подготвена да испорача милиони тони дизел за САД

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Свет
media-libraryvlcovd7qrkhh8btbTjp
Russian Foreign Ministry's official account

Русија ќе почне пред предвидениот рок да ги укинува ограничувањата за извоз на дизел, а испораките на среден рок би можеле да достигнат до три милиони тони месечно, изјави рускиот вицепремиер Александар Новак, пренесе агенцијата „Интерфакс“.

Новак рече дека Москва позитивно ги оценува чекорите на САД за стабилизирање на светскиот енергетски пазар и постепено обновување на нормалната трговија со енергенси. Тој додаде дека Русија е подготвена за понатамошна координација со цел да се создаде попредвидлив и постабилен пазар.

— реклама —

Според најавата на рускиот вицепремиер, Русија е подготвена уште во октомври да испорача 300.000 тони дизел на американскиот пазар и на други партнери. Количеството би можело да се зголеми на 500.000 тони во ноември и на еден милион тони во декември. Новак рече дека и рускиот домашен пазар ќе биде целосно снабден со дизел.

— реклама —

Претходно, Канцеларијата за контрола на странски средства при американското Министерство за финансии, по налог на претседателот Доналд Трамп, издала привремена општа лиценца со која се дозволува снабдување на светскиот пазар со руски дизел.

Трамп и рускиот претседател Владимир Путин постигнале договор за испорака на неколку милиони тони руски дизел на американскиот и светскиот пазар. Американскиот претседател оцени дека договорот ќе доведе до брзо и значително намалување на цените на горивото.

— реклама —

На социјалната мрежа „Трут соушл“, Трамп објави дека Русија веднаш ќе испорача повеќе од 300.000 тони дизел, дополнителни 500.000 тони во ноември и уште еден милион тони во наредниот период.

— реклама —

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го осуди договорот, оценувајќи дека отстапките кон Путин нема да донесат мир ниту корист за цивилизираниот свет, туку дека Русија ќе возврати со нов терор и насилство.

Според Зеленски, дозволувањето на Русија да продава нафтени деривати претставува инвестиција во војната, која треба да биде завршена, а не продолжена.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarya1be4hmuknmef73E93U

Русија официјално се повлече од Европската конвенција за спречување тортура

Свет | пред 1 час

— реклама —
media-libraryvlcovd7qrkhh8btbTjp

Русија на три месеци го забрани извозот на дел од петрохемиските производи

Свет | пред 5 часа

media-libraryobu75oumfur8cAhY8cv

(Фото) Украина уништи руска воена опрема вредна 70 милиони долари, тврди Зеленски

Свет | пред 1 ден

media-library8jp6d7ildh1i5S48UU0

Русија нападна парк во близина на училиште во Украина: Загинаа 13-годишно девојче и жена

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања