Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Руски министер: Странски служби имаат пристап до преписките на војниците на Телеграм

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Свет
Telegram-4567543

Странските разузнавачки служби можат да имаат увид во пораките што руските војници ги разменуваат преку апликацијата Telegram, изјави рускиот министер за дигитален развој Максуд Шадаев, пренесе новинската агенција Интерфакс.

— реклама —

Телеграм, една од најкористените апликации за комуникација во Русија, широко се употребува и од руските сили кои учествуваат во војната во Украина. Истовремено, платформата е под засилен притисок од руските власти, кои ѝ наметнаа ограничувања поради, како што наведуваат, непостапување во бришење екстремистички содржини.

— реклама —

„Постојат бројни индиции дека странски разузнавачки агенции имаат пристап до преписките на оваа апликација и дека тие податоци ги користат против руската војска“, изјави Шадаев.

Во меѓувреме, рускиот регулатор за комуникации Роскомнадзор соопшти дека ја забавува работата на Телеграм како дел од поширока постапка против апликации во странска сопственост, за кои тврди дека не ги почитуваат руските закони.

— реклама —

Кремљ минатата недела потврди дека американската апликација WhatsApp, која е во сопственост на Meta Platforms, е целосно блокирана поради непочитување на локалната регулатива. Руските власти ги повикаа граѓаните да преминат на „националната апликација за размена на пораки“ наречена МАХ, поддржана од државата.

— реклама —

Критичарите предупредуваат дека МАХ може да претставува алатка за надзор, додека руските власти ги отфрлаат таквите тврдења.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryct492hg3j5qs9mr9QcJ

Руски ракети погодија три моста во Киев, загинаа тројца, а десетици се повредени

Свет | пред 12 часа

— реклама —
media-librarylbc8fiscfaqlcMv63FH

Русија, Кина и Иран бараат гаранции дека САД и Израел нема повторно да ја нападнат иранската нуклеарна инфраструктура

Свет | пред 1 ден

fajzer-vakcina-vakcinacija-1

Првиот пациент ја заврши терапијата со руската вакцина против рак, до крајот на 2027 година ќе ја примат уште 120 пациенти

Свет | пред 2 дена

media-library37kdmf2j0l4ieKAof6T

Русија остана без доволно бензин по украинските напади: Масовно увезува гориво и со понизок квалитет

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања