Научниците од Лабораторијата за соларна астрономија при рускиот Институт за вселенски истражувања (ИКИ) соопштија дека минатата ноќ на Сонцето е забележана ретка црна дамка, формирана по силна експлозија на водород. Како што информираат, појавата е регистрирана околу полноќ по московско време.
Според описот на институтот, експлозијата се проширила по сончевата површина со пречник од околу еден милион километри, создавајќи темна зона која јасно се издвојувала на набљудувањата. Овие феномени се релативно ретки и претставуваат значајни настани за научниците што ги следат активностите на Сонцето.
Сончевите дамки, појаснуваат од ИКИ, се класифицираат според јачината на рендгенското зрачење што го емитуваат. Постојат пет категории – A, B, C, M и X – при што X претставува најмоќна форма на соларна активност.