Промени тема
Контакт

Руте: Обвинувањата на Москва за балтичките земји се бесмислени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
nato-1

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска ги оцени како „бесмислени“ обвинувањата на Русија дека балтичките земји го отвораат својот воздушен простор за украински дронови со цел напади врз руска територија.

„Ако дроновите доаѓаат од Украина, тие не се таму затоа што Украина сакала да испрати дрон во Летонија, Литванија или Естонија. Тие се таму поради непромислената, нелегална и сеопфатна руска агресија“, изјави Руте во Брисел.

— реклама —

Тој додаде дека Алијансата реагирала „смирено, решително и пропорционално“ по инцидентот во кој романски борбен авион соборил украински дрон во естонскиот воздушен простор.

Претходно денеска, литванската армија соопшти дека биле подигнати ловци на НАТО за контрола на воздушниот простор откако во близина на литванската граница бил забележан „радарски потпис“ со карактеристики типични за беспилотни летала.

— реклама —

Националниот центар за управување со кризи во Литванија прогласил воздушна опасност во повеќе окрузи, вклучително и во главниот град Вилнус.

— реклама —

Издадено било жолто ниво на предупредување, што значи дека напад е можен, но сè уште не е во тек.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

nato-mrezi

НАТО под притисок: Европа го зголемува буџетот за одбрана и гради поголема воена независност

Свет | пред 3 дена

— реклама —
media-libraryf80tj7ah7kaufWqMifA

НАТО: Засега нема опасност од руски напад

Свет | пред 3 седмици

Screenshot-2023-09-28-at-23.48.36

Вучиќ бара НАТО да не дозволи отворање на мостот во Митровица и повлекување на КФОР

Македонија | пред 4 седмици

media-librarymnnfa8l573bvauqXfEn

НАТО помага во координацијата за Ормускиот Теснец, но нема да се вклучи директно во мисијата

Свет | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања