Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Руте: Русија месечно губи над 40.000 војници во војната во Украина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 32 минути -

Свет
mark-rute-1

Русија месечно губи повеќе од 40.000 војници во војната во Украина, вклучително загинати и тешко ранети, изјави генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. Според него, во октомври бројката би можела да надмине и 50.000, што би претставувало огромни човечки загуби за руската армија.

— реклама —

Руте ова го изјави на форумот „Атлантик фјучр“, споредувајќи ги руските загуби со американските во Виетнам. Тој посочи дека САД за 14 години војување во Виетнам загубиле 56.000 луѓе, додека Русија бележи повеќе од 40.000 загинати и тешко ранети за само еден месец.

Според генералниот секретар на НАТО, рускиот претседател Владимир Путин не успева да ги оствари воените цели во Украина, поради што Русија ги засилува нападите врз цивилното население и критичната инфраструктура, обидувајќи се да ја ослаби украинската волја за отпор пред зимата.

— реклама —

Руте обвини и дека Москва ја интензивирала кампањата на непријателски активности низ Европа, вклучувајќи подметнување пожари, инциденти со беспилотни летала и кибернапади, со цел да ги дестабилизира европските општества и да ја намали поддршката за Украина.

— реклама —

Тој порача дека НАТО одговара на руските хибридни активности со зголемување на помошта за Украина.

Претходно, Алијансата процени дека Русија во септември имала повеќе од 50.000 воени загуби, од кои околу 28.000 загинати. Според процената објавена во текот на летото, од почетокот на руската инвазија Русија изгубила повеќе од 1,4 милиони војници, наведува НАТО.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

nato-zastava

НАТО ја менува воената стратегија: Русија станува главен приоритет

Свет | пред 22 часа

— реклама —
Screenshot-2022-02-26-at-23.58.02

НАТО го предупредил Зеленски: Трамп може да ги запре испораките на американско оружје

Свет | пред 3 седмици

nato-zastava

НАТО ја започна годишната нуклеарна вежба „Steadfast Noon“ со учество на 17 земји

Свет | пред 4 седмици

eTBu5c0GVL-haos-vo-nato-amerika-im-zabrani-na-turskite-piloti-da-letaat-so-borbenite-f-35-odmazda-za-kupuvanjeto-na-ruskiot-protivraketen-sistem-s-400

Дрон од правец на Белорусија крена борбени авиони на НАТО, затворен аеродромот во Вилнус

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања