Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Руте: Земјите членки на НАТО веќе издвојуваат околу 4 проценти од БДП за одбрана

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
mark-rute-1

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека европските членки на Алијансата и Канада веќе ги зголемиле издвојувањата за одбрана на околу четири проценти од нивниот бруто-домашен производ.

— реклама —

Обраќајќи им се на новинарите во пресрет на Самитот на НАТО во Анкара, Руте истакна дека европските сојузници и Канада минатата година потрошиле речиси 20 проценти повеќе за основната одбрана во споредба со претходната година.

— реклама —

„Ако се земат предвид 2025 и 2026 година заедно, тоа претставува дополнителни инвестиции од 258 милијарди долари, а трендот продолжува“, рече Руте.

На минатогодишниот Самит на НАТО, земјите членки се договорија до 2035 година вкупните трошоци за одбрана да достигнат пет проценти од БДП. Од тоа, 3,5 проценти се наменети за основни одбранбени инвестиции, а дополнителни 1,5 проценти за активности поврзани со безбедноста.

— реклама —

Руте изрази очекување дека на самитот во Анкара земјите ќе претстават јасни, конкретни и веродостојни планови за исполнување на оваа цел.

— реклама —

Тој најави и дека членките на НАТО на форумот со одбранбената индустрија ќе објават нови договори вредни десетици милијарди долари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

mark-rute-1

Руте: Русија месечно губи над 40.000 војници во војната во Украина

Свет | пред 3 часа

— реклама —
nato-zastava

НАТО ја менува воената стратегија: Русија станува главен приоритет

Свет | пред 1 ден

Screenshot-2022-02-26-at-23.58.02

НАТО го предупредил Зеленски: Трамп може да ги запре испораките на американско оружје

Свет | пред 3 седмици

nato-zastava

НАТО ја започна годишната нуклеарна вежба „Steadfast Noon“ со учество на 17 земји

Свет | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања