Промени тема
Контакт

Сабаленка продолжува да доминира на УС Опен: Стигна до четвртфиналето

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 седмици -

Спорт
media-libraryqhqa7nred8kq7i28rO8

Арина Сабаленка продолжува со одличните настапи на УС Опен, откако во осминафиналето ја совлада Американката Тејлор Таунсенд со 6:4, 6:3 и обезбеди пласман во четвртфиналето.

— реклама —

На Сабаленка ѝ беа потребни само еден час и 15 минути за победата, со која стигна до 17. последователен триумф во Њујорк. Двократната последователна шампионка на турнирот со тоа го избори и своето 17. гренд-слем четвртфинале во кариерата, а шести пат меѓу најдобрите осум стигнува токму на УС Опен.

— реклама —

Таунсенд, која моментално е 96. на ВТА-листата, во вториот сет поведе со 3:1 и се закани дека ќе го направи мечот неизвесен. Сепак, Сабаленка одговори со серија од пет освоени гема и го заврши мечот без трет сет.

— реклама —

Сабаленка на овогодишниот УС Опен ги брани и првото место на ВТА-листата. За да остане на врвот, потребно е третпат по ред да го освои турнирот, под услов Елена Рибакина да не стигне до полуфиналето.

— реклама —

Во четвртфиналето Сабаленка ќе игра против победничката од дуелот меѓу шестата носителка Линда Носкова и 11. носителка Марта Костјук.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Screenshot-2024-10-10-at-12.19.12

Рафаел Надал повторно ќе игра тенис, се враќа по две години

Спорт | пред 2 седмици

— реклама —
media-librarygbu8e1iabj3d8dgQmFg

Што го „убива“ модерниот тенис? Долги мечеви, густ календар и сè повеќе повреди

Спорт | пред 2 седмици

453245652_18456652396030927_7716401201356146522_n

Навоне го елиминираше Ѓоковиќ, но не стигна до осминафинале на УС Опен

Спорт | пред 1 месец

media-library5vkk4o9572aj27AOPkZ

Лола Радивојевиќ елиминирана по голема драма во квалификациите за УС Опен

Спорт | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања