Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Сабаленка за војната и Украинците: „Толку многу омраза – како јас да фрлам бомби“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 12 часа -

Спорт
media-libraryqhqa7nred8kq7i28rO8

Најдобрата светска тенисерка Арина Сабаленка во опширно интервју за магазинот „Вог“ зборуваше за тешките емоции и тензиите што ги доживува на терените, особено во натпреварите против украинските тенисерки, кои често одбиваат да ѝ подадат рака по завршувањето на мечевите.

Белоруската тенисерка се осврна и на обвинувањата дека го поддржува режимот на Александар Лукашенко, како и на критиките дека како прва тенисерка во светот не го осудува доволно јасно воениот конфликт.

— реклама —

„Го почитувам нивниот став да не подаваат рака. Знам дека тоа не е лично, туку дека така испраќаат порака“, изјави Сабаленка.

— реклама —

Сепак, призна дека ваквите ситуации тешко ги поднесува, како и атмосферата што се создала на ВТА турот.

— реклама —

„Но тешко е да се издржи толкава количина омраза од некои луѓе на турот. Еден тренер полуде против мене и ми рече дека јас сум таа што фрла бомби“, откри тенисерката.

И покрај сè, Сабаленка јасно го изнесе својот став за војната и улогата на спортот во актуелните случувања.

„Очигледно е дека сакам мир за сите. Не ја сакам оваа војна. Треба да седнат на маса и да се договорат. Но исто така мислам дека спортот е платформа и место каде што сите треба да бидат заедно, а не да се борат едни против други. Бидете заедно, покажете мир“, порача светскиот рекет број еден.

Говорејќи за односите меѓу народите, Сабаленка потсети на периодот кога Белорусите и Украинците имале многу поблиски врски.

„Толку долго Украинците и Белорусите беа како браќа и сестри. Ние сме исти, долго време бевме заедно, а сега има голем ѕид меѓу нас. Не знам како сето ова ќе заврши“, изјави таа.

На спортски план, Сабаленка и понатаму го држи првото место на ВТА-листата, каде што веќе подолг период е доминантна фигура во женскиот тенис.

Сепак, сериозна конкуренција ѝ претставува Елена Рибакина.

По поразот во финалето на Австралија опен токму од Казахстанката, предноста на Сабаленка на врвот значително се намали и сега изнесува 1.255 поени.

Бидејќи во продолжението од сезоната брани голем број бодови, белоруската тенисерка ќе има сериозен предизвик да ја задржи лидерската позиција на ВТА-листата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања