Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

САД го предупредија Иран да не користи странски милиции против демонстрантите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Свет
media-library77614r3so4gffLZss0S

Соединетите Американски Држави јавно го предупредија Иран да не користи странски вооружени групи за насилно задушување на антивладините протести што во изминатите денови ја зафатија земјата. Од Вашингтон изразија сериозна загриженост поради информации дека иранските власти ангажираат припадници на Хезболах и ирачки милиции за справување со мирните демонстранти.

— реклама —

Преку иранската верзија на официјалниот профил на американскиот Стејт департмент на социјалната мрежа Икс, беше соопштено дека постојат извештаи за вмешаност на странски вооружени формации во сузбивањето на протестите. Во објавата се наведува дека ваквите постапки претставуваат сериозна ескалација и дополнително загрозување на основните човекови права.

— реклама —
— реклама —

Американската администрација посочува дека иранските власти со години трошеле милијарди долари од државниот буџет, односно од средствата на сопствените граѓани, за поддршка на, како што ги нарекуваат, терористички структури надвор од земјата. Според Вашингтон, нивна можна употреба против сопственото население би претставувала уште едно тешко предавство на иранскиот народ.

— реклама —

Од Стејт департментот потенцираат дека мирните протести се легитимен израз на незадоволство и дека секој обид за нивно задушување со помош на странски вооружени групи ќе биде внимателно следен од меѓународната заедница. Засега, иранските власти официјално не ги коментираа овие наводи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarylk9kgmbun1p98ygMpxX

(Видео) Трамп: Путин би можел да биде многу построг кон Украина

Свет | пред 10 часа

— реклама —
media-library8oevanl13omg48SzcoG

Три американски носачи на авиони ќе бидат распоредени на Блискиот Исток

Свет | пред 1 ден

media-libraryfa2qql95l9vt2IpFRBd

Вашингтон ги менува плановите: Помалку американски војници ќе ја напуштат Европа

Свет | пред 1 ден

media-librarygv0ohdt3a3m0bLBmQPl

Сајбернапад или технички дефекти? Прекините на „Мајкрософт“ и приземјувањето на авионите ја вознемирија јавноста

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања