Промени тема
Контакт

САД го употребија новиот „самоубиствен дрон“ ЛУКАС во напад врз Иран

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
media-libraryjc3bsvsqpnai3K2G1Fn

Соединетите Американски Држави употребија нов „самоубиствен дрон“ во напад врз Иран, само осум месеци по неговото официјално претставување во Пентагон. Леталото било дел од повеќе од десет модели што минатото лето биле презентирани пред американскиот министер за одбрана Пит Хегсет од страна на конкурентски компании.

— реклама —

Дронот, наречен ЛУКАС (Low-Cost Uncrewed Combat Attack System), е развиен од компанијата „Спектр Воркс“ од Аризона и е дизајниран по примерот на иранскиот дрон „Шахед“. Американските одбранбени претставници наведуваат дека вообичаено развојот и оперативното воведување на ново оружје во Пентагон трае со години, но во овој случај постапката била значително забрзана.

— реклама —
— реклама —

Според нив, забрзаната процедура е резултат на лекциите извлечени од војната во Украина, каде што руските сили масовно користат ирански дронови „Шахед“. Тоа, како што се посочува, покажало дека беспилотните летала станале клучен елемент на современото војување.

— реклама —

Цената на еден дрон ЛУКАС изнесува околу 30.000 евра, што е повеќекратно пониско во споредба со значително пософистицираниот и повеќекратно употреблив дрон MQ-9 Reaper, чија цена достигнува и до 35 милиони евра. За разлика од „Рипер“, ЛУКАС е наменет за еднократна употреба, односно функционира како т.н. „самоубиствен дрон“ кој ја уништува целта при удар.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarylacsaq24tqi36JiUMlR

Иран го доби одговорот од САД на предлогот за прекин на војната

Свет | пред 3 дена

— реклама —
media-library6crepiukitpr8lAKRxC

Иран во сè подлабока криза: Лековите поскапеле и повеќе од трипати

Свет | пред 4 дена

media-librarylkgnpc0p5rhp2N8GVwd

Иранска пејачка осудена на 74 удари со камшик по настап без хиџаб

Свет | пред 4 дена

media-libraryhb80gm6shsn85tfBtQv

Нова порака од Техеран: Хамнеи тврди дека и Арапското Море ќе биде „ослободено“

Свет | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања