Промени тема
Контакт

САД и Бугарија ги запленуваат домените на ArenaBG, Zamunda и Zelka во координирана акција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
media-librarykdtnl4ipddmncXC89I0

По повеќе од две децении опстојување под постојан правен и политички притисок, најпознатите бугарски сајтови за споделување фајлови, периодов се соочуваат со најсериозен удар досега. Во, како што се оценува, координирана меѓународна операција, органите за спроведување на законот од САД и Бугарија ги запленија домените ArenaBG.com, Zamunda.net и Zelka.org, со што овие страници стануваат недостапни за корисниците.

— реклама —

Посетителите на трите платформи, наместо содржината затекнуваат банер за заплена, на кој стои дека домените се одземени од страна на Homeland Security Investigations во рамки на меѓународна операција за спроведување на законот, врз основа на судска наредба издадена од Окружниот суд на САД за Јужниот округ на Мисисипи. На банерот се наведени и логата на Министерство за правда на САД, Europol, како и на бугарските институции – ГДБОП, Државна агенција за национална безбедност и Обвинителството на Република Бугарија.

— реклама —

Оваа акција не доаѓа како целосно изненадување. Уште пред пет години Бугарија официјално ги информираше американските власти дека има намера да ги затвори најголемите торент-тракери во земјата, меѓу кои ArenaBG, Zamunda и Zelka, и побара помош од САД за тоа да се реализира. Оваа заплена на домените укажува дека тие планови сега се спроведуваат, барем во делот што се однесува на интернет-адресите.

Судската наредба од Мисисипи ги обврзува регистраторите на домени да преземат мерки, а американските власти биле клучни поради поврзаноста на домените со САД. ArenaBG.com, Zamunda.net и Zelka.org се пренасочени кон сервери под контрола на американските институции.

— реклама —

Zamunda.net беше меѓу најпосетуваните страници во Бугарија со милиони посети месечно. Бугарските власти најавија предистражни постапки за кривични дела поврзани со интелектуална сопственост и даноци, но не е јасно дали акцијата вклучува други мерки. Во минатото побарана е помош од САД за одземање на серверите, но засега се блокирани само домените.

— реклама —

Ниту американските, ниту бугарските институции не објавија детали, а платформите можат да продолжат преку алтернативни адреси. Оваа акција се смета за најсериозна досега против бугарските торент-страници.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryl9eoil3ejtlt3FY55Hl

САД и Кина се клучни за трговијата со технологија на ЕУ; Европа сепак ја завршува годината со позитивен биланс.

Свет | пред 14 часа

— реклама —
morbili

Епидемија на морбили во САД: Пенсилванија надмина 1.000 заразени, пет лица починаа

Свет | пред 1 ден

media-library4d6nt33u1es1aBs3ZJ2

Трамп: Украина ги уништува руските рафинерии, тоа ги зголемува цените на бензинот во САД

Свет | пред 1 ден

media-libraryi04a8l1t1qu24CMgGSp

САД со ракетен систем на само 110 километри од Тајван – како ќе реагира Кина?

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања