Промени тема
Контакт

САД и Кина постигнаа договор за ретки метали: Белата куќа потврди пробив во трговските односи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
Screenshot-2025-06-24-at-09.15.26

САД и Кина постигнаа значаен договор кој предвидува забрзување на испораките на редки земни метали во САД, соопшти претставник од Белата куќа. Овој договор доаѓа како дел од напорите за смирување на трговската војна меѓу двете најголеми економии во светот.

Американскиот претседател Доналд Трамп претходно изјави дека договорот е потпишан во средата, без да открие повеќе детали, но најави и можност за нов договор со Индија.

Клучниот дел од договорот, како што информираа официјални лица за Reuters, се однесува на „рамка за имплементација“ на т.н. Женевски договор, кој во мај предвиде Кина да ги укине нетарифните контрамерки воведени кон САД.

Во изминатиот период, Кина како одговор на новите американски царини го објави прекинот на извозот на критични минерали и магнети, што сериозно ги наруши синџирите на снабдување во автомобилската, полупроводничката, аеронаутичката и воената индустрија.

— реклама —

Американскиот министер за трговија, Хауард Лутник, изјави за Bloomberg дека откако Кина ќе ги испорача договорените метали, САД ќе ги укинат сопствените контрамерки.

„Ќе ни ги испорачаат ретките земни метали и кога тоа ќе се случи, ние ќе ги укинеме нашите мерки“, рече Лутник.

Официјални претставници нагласија дека договорот е постигнат уште претходно оваа недела и претставува потенцијален напредок по месеци трговски тензии и неизвесности.

— реклама —

Женевскиот договор досега не беше потпишан поради кинеските ограничувања за извоз на критични материјали, што ја натера администрацијата на Трамп да воведе контроли за извоз на американска технологија, вклучително и за дизајн на полупроводници и авиони.

Почетокот на јуни донесе сигнал за олеснување, кога Кина одобри привремени дозволи за извоз на ретки метали кон три најголеми американски автомобилски производители.

— реклама —

Дополнително, се разгледува нов договор според кој Кина ќе продолжи да испорачува магнети и ретки метали, а САД ќе овозможат полесен пристап за кинески студенти на американските универзитети.

Иако се работи за позитивен сигнал, аналитичарите предупредуваат дека патот до целосен и стабилен трговски договор сè уште е долг.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library7tv9v9fvadlud4al5Jh

(Видео) Кинески брод се судри со товарен брод под панамско знаме

Свет | пред 3 часа

— реклама —
media-library8ekf8jkntg25a9IMKVn

Пред средбата со Си, Трамп доби барање: Не дозволувајте влез на кинеските автомобили

Свет | пред 2 дена

media-libraryresjc760pck67ro2HIE

Природните катастрофи во Кина предизвикаа штета од 4,7 милијарди евра: 595 лица загинати или исчезнати

Свет | пред 3 дена

media-librarylqlj39ner6aqdorcJsr

Кина воведе построги ограничувања за патувања во странство

Свет | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања