Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

САД ја засилуваат офанзивата: Уништени бродови, напади врз десетици цели во Иран

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Свет
media-library5gfcgoqekut34zXboTk

Соединетите Американски Држави во последните 72 часа погодиле речиси 200 цели во Иран, а потопиле и повеќе од 30 ирански бродови, соопштија американски претставници во најновите изјави за текот на воената операција.

— реклама —

Адмиралот Бред Купер од Централната команда на САД информираше дека американските бомбардери извршиле серија напади врз бројни воени цели, додека американските сили продолжуваат со интензивни операции против иранските капацитети.

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет изјави дека САД располагаат со доволно муниција и дека можат да ја продолжат воената кампања против Иран онолку долго колку што ќе биде потребно. Според него, во наредниот период значително ќе се зголеми и огнената моќ над иранскиот воздушен простор.

— реклама —

Хегсет додаде дека во операцијата се вклучиле и неколку сојузници на САД, нагласувајќи дека конфликтот не се проширува, туку дека земјите се обединуваат против Иран.

— реклама —

Американскиот претседател Доналд Трамп, пак, изјави дека Иран наводно контактирал со Вашингтон со барање за договор, но дека САД во овој момент не се подготвени за таков чекор.

„Тие се јавуваат и бараат договор, но ние сега сакаме да се бориме повеќе отколку што тие сакаат“, изјави Трамп.

— реклама —

Тој додаде дека американските сили „секој час“ ги напаѓаат иранските системи за беспилотни летала и ракети, тврдејќи дека воената кампања против Иран се одвива побрзо од планираното.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryjqohdp9bsumjckdoiza

Трамп по изборниот пораз на републиканците: Ќе се вратиме посилни од кога било

Свет | пред 56 минути

— реклама —
media-libraryn34s6k2qvq8tc2Oa9kV

Вашингтон бара излез од војната: го повикаа Пекинг да изврши притисок врз Техеран

Свет | пред 2 часа

media-librarymsmatm3o2uri0Vo10qP

(Видео) Американската војска погоди и онеспособи трговски брод во Оманскиот Залив

Свет | пред 4 часа

tan2022-10-24132289861-830x0-1

Демократите ги најавија првите чекори во Конгресот: здравствена заштита и спречување војна со Иран

Свет | пред 21 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања