Промени тема
Контакт

САД ќе имаат контрола врз ТикТок: шест од седум директори Американци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
TikTok

Белата куќа соопшти дека тековните преговори со Пекинг предвидуваат во управниот одбор на TikTok во САД да има седум членови, од кои шест ќе бидат Американци.

„TikTok ќе биде во мнозинско американско сопствеништво. Во одборот ќе бидат седум членови, од кои шест Американци,“ изјави портпаролката на претседателот, Каролин Левит, за Fox News.

— реклама —

Таа додаде дека податоците и приватноста на корисниците ќе ги надгледува американската технолошка компанија Oracle, а алгоритмот исто така ќе биде под контрола на САД.

— реклама —

„Сите овие елементи се веќе договорени меѓу странките и останува само формализација,“ рече Левит, истакнувајќи дека тоа се очекува „во наредните денови“.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека договорот ќе го финализираат „големи американски домољуби, луѓе кои ја сакаат својата земја и се технолошки потковани“. Ден претходно, по телефонски разговор со кинескиот претседател Си Џинпинг, Трамп порача дека потпишувањето на договорот може да биде „пука формалност“.

— реклама —

Од кинеска страна, нема официјални коментари по разговорите на двајцата претседатели. Си Џинпинг само апелирал САД да обезбедат „отворена, фер и недискриминирачка бизнис средина за кинеските компании што инвестираат во Америка“.

Преговорите се водат во контекст на американскиот закон што предвидуваше забрана за TikTok во САД поради наводни ризици за националната безбедност. Од враќањето на власт, Трамп бара начин апликацијата да остане активна, но со тоа што американските операции би се продале на конзорциум од инвеститори, меѓу кои и неговиот сојузник, Лери Елисон од Oracle.

Според пишувањето на Wall Street Journal, американската влада очекува провизија од неколку милијарди долари за нејзината улога како посредник во преговорите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryjqohdp9bsumjckdoiza

Трамп призна дека Вашингтон можеби отишол предалеку со иранските лидери, Техеран возврати

Свет | пред 12 часа

— реклама —
Screenshot-2025-08-15-at-22.11.22

Кремљ откри детали од разговорот меѓу Путин и Трамп: „Никој не сакаше прв да ја спушти слушалката“

Свет | пред 2 дена

Dmitry-Medvedev-2016

Медведев: Изјавите на Трамп нема да ѝ донесат победа на Русија

Свет | пред 2 дена

media-library113jvr83mdmb3nKnAch

(Видео) По ураганот кој ги погоди Флорида и Алабама, властите предупредуваат на нова опасност

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања