Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

САД ќе обезбеди уште еден систем за противвоздушна одбрана Патриот на Украина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Свет

Американскиот претседател Џо Бајден планира да и обезбеди на Украина уште еден систем за противвоздушна одбрана „Патриот“ за одбрана од руски воздушни напади, објави денеска „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на неименувани извори во американската влада.

— реклама —

Бајден ја донесе одлуката по серијата состаноци на високо ниво минатата недела, објави весникот. Шефот за јавни работи на Советот за национална безбедност на САД, Џон Кирби, не го потврди ова.

— реклама —

Според Њујорк Тајмс, системот за кој станува збор се наоѓа во Полска и би можел да биде распореден на линијата на фронтот во Украина за неколку дена. Доколку биде потврдено, тоа ќе биде вториот систем „Патриот“ произведен во САД што Вашингтон му го достави на Киев.

Бајден даде зелено светло за првиот систем пред 18 месеци кога украинскиот претседател Володимир Зеленски отпатува во САД за прв пат по руската инвазија на Украина за да се обрати пред американскиот Конгрес.

— реклама —

Патриот се смета за еден од најнапредните ракетни системи за воздушна одбрана во модерното војување. Може да се користи за борба против непријателски авиони, балистички и крстаречки ракети. Одбранбените проектили можат да погодат цели на оддалеченост од околу 100 километри на височини до 30 километри.

— реклама —

Германија и даде на Украина два такви системи и вети дека ќе испрати уште еден. Зеленски, кој во вторникот беше во Берлин на конференција за обнова на Украина, ги посети и украинските војници кои моментално се во Германија на обука за користење на „Патриот“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-librarysnmaa1rl2hgg7Xijxf1

Украина му зададе тежок удар на Путин со разурнувањето на Кримскиот мост

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-librarysith7ierrfmn68Wt5XU

Украина исчисти над 230.000 хектари од мини, неутрализирани повеќе од 260.000 експлозивни направи

Свет | пред 2 дена

media-libraryh2aohabuoto18k0oXtb

Русија и Украина разменија нови воздушни напади, најмалку 16 лица се повредени

Свет | пред 1 седмица

media-libraryfa87nutg2i1s4i0Tip1

(Видео) Украински дронови погодија енергетска инфраструктура и петрохемиски капацитети во Русија

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања