Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

САД поставиле пет услови за договор со Иран

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-librarygi3bpf48gh6k8dCAVV1

Соединетите Американски Држави поставиле пет клучни услови за постигнување договор со Техеран, објави иранската полуофицијална агенција „Фарс“.

Според извештајот, еден од главните услови е само една иранска нуклеарна постројка да остане во функција.

— реклама —

Вашингтон, наводно, бара Иран да предаде 400 килограми збогатен ураниум на САД, а истовремено не планира да исплати отштета ниту да ослободи 25 проценти од замрзнатиот ирански имот.

— реклама —

Како уште еден услов се наведува дека евентуалниот прекин на огнот на сите фронтови ќе зависи од исходот на преговорите.

Од друга страна, Иран бара прекин на конфликтите во регионот, укинување на санкциите, ослободување на замрзнатите средства и надомест за воените штети.

— реклама —

Техеран, исто така, бара признавање на иранскиот суверенитет над Ормускиот теснец.

Тензиите меѓу Иран, САД и Израел дополнително се зголемија по нападите врз Иран во февруари, по што Техеран одговори со напади врз Израел и американски сојузници во Заливот и со затворање на Ормускиот теснец.

Примирјето стапи во сила на 8 април со посредство на Пакистан, но досегашните разговори не донесоа траен договор.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryihvqr12njd77a3NSwOW

Трамп ја нападна Норвешка затоа што не ја доби Нобеловата награда за мир: „Стана ужасна земја“

Свет | пред 4 минути

— реклама —
media-librarydoeag6eilkj5d9ESzLB

Дали Трамп е способен да ја извршува претседателската функција? Експертите со поделени ставови

Свет | пред 12 часа

media-libraryl980ocllcbiqaNCVygE

Трамп го нарече Обама „ужасно неспособен претседател“, расправијата прерасна во лични напади

Свет | пред 17 часа

media-libraryr05q2iu8g0lnaP5iM8w

Трамп: По војната ќе правиме бизнис и со Русија и со Украина

Свет | пред 23 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања