Промени тема
Контакт

САД стопираат издавање визи за државјани од 75 земји

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Свет
media-library2e9baqigp61uc7nGqE3

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп од 21 јануари ја запира обработката на визи за посетители од вкупно 75 земји, објави „Фокс њуз“, повикувајќи се на интерен допис на американскиот Стејт департмент.

— реклама —

Според информациите, меѓу земјите за кои ќе се применува оваа мерка се Сомалија, Русија, Иран, Авганистан, Бразил, Нигерија и Тајланд. Со дописот, американските дипломатски претставништва добиле насока привремено да ги одбиваат апликациите за визи во согласност со постојните законски одредби, сè додека Стејт департментот не изврши анализа и ревизија на актуелните правила.

— реклама —

Одлуката се вклопува во строгата имиграциска политика што Трамп ја спроведува од стапувањето на функцијата, со фокус на ограничување на влезот во САД од земји кои администрацијата ги оценува како безбедносен ризик.

— реклама —

Во ноември минатата година, Трамп најави дека ќе се залага за „трајно запирање“ на миграциите од, како што ги нарече, земји од „третиот свет“, по инцидентот во кој авганистански државјанин отвори оган во близина на Белата куќа и усмрти припадник на Националната гарда.

— реклама —

Истовремено, потсетува „Фокс њуз“, дел од авганистанските државјани кои аплицирале за азил во САД по 2021 година добиле специјални имигрантски визи, наменети за лица кои соработувале со американската армија за време на дваесетгодишната воена мисија во Авганистан.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryl9eoil3ejtlt3FY55Hl

САД и Кина се клучни за трговијата со технологија на ЕУ; Европа сепак ја завршува годината со позитивен биланс.

Свет | пред 20 часа

— реклама —
morbili

Епидемија на морбили во САД: Пенсилванија надмина 1.000 заразени, пет лица починаа

Свет | пред 1 ден

media-library4d6nt33u1es1aBs3ZJ2

Трамп: Украина ги уништува руските рафинерии, тоа ги зголемува цените на бензинот во САД

Свет | пред 1 ден

media-libraryi04a8l1t1qu24CMgGSp

САД со ракетен систем на само 110 километри од Тајван – како ќе реагира Кина?

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања