Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

САД забрануваат нови странски дронови: кинеските DJI и Autel исфрлени од пазарот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Свет
media-library18i26ga29ta675rNxAu

Федералната комисија за комуникации на САД, Federal Communications Commission, во понеделникот објави забрана за пласирање нови дронови произведени во странство, одлука со која од американскиот пазар практично се исфрлаат кинеските производители, меѓу кои и водечките компании DJI и Autel. Како причина се наведуваат „неприфатливи ризици за националната безбедност“, објави Euronews.

Одлуката е во согласност со законот за одбрана што американскиот Конгрес го усвои минатата година, со кој беа засилени сомнежите и загриженоста околу дроновите од кинеско производство. Тие во изминатите години станаа доминантни на американскиот пазар и широко се користат во земјоделството, картографијата, филмската индустрија, како и во полициските служби.

— реклама —

Компанијата DJI, со седиште во Шенжен, е најголемиот светски производител на дронови и, според податоците на Drone Industry Insights, контролира речиси 80 проценти од американскиот пазар на комерцијални дронови. Нејзиниот најблизок конкурент Autel има значително помал пазарен удел.

— реклама —

Во образложението на одлуката, американските власти наведуваат дека ревизијата на Владата утврдила оти сите дронови и клучни компоненти произведени во странство, не само во Кина, претставуваат „неприфатлив ризик за националната безбедност на САД, како и за безбедноста и заштитата на американските граѓани“. Сепак, FCC остави можност за исклучоци, доколку Пентагон или Министерство за внатрешна безбедност на САД проценат дека одредени дронови или компоненти не претставуваат таква закана.

Како дополнителен аргумент за итноста на мерките, ФЦЦ ги наведе претстојните големи настани, меѓу кои Светско првенство во фудбал 2026, прославата на 250-годишнината од независноста на САД (America250) и Летни олимписки игри 2028, предупредувајќи на можноста за злоупотреба на дронови од страна на криминалци, непријателски странски актери или терористи.

— реклама —

Од компанијата DJI реагираа дека се разочарани од одлуката, наведувајќи дека не се презентирани конкретни докази врз основа на кои е донесена. Според нив, тврдењата за безбедносни ризици не се поткрепени со факти, туку претставуваат протекционизам спротивен на принципите на отворен пазар.

Одлуката предизвика поделени реакции и кај корисниците во САД. Професионалци кои во својата работа користат странски дронови предупредуваат дека новата политика може сериозно да им наштети на бизнисите. Џин Робинсон од Тексас, кој обучува полициски служби и користи флота од девет DJI дронови, изјави дека ограничувањата ќе создадат проблеми, иако признава дека САД сами ја дозволиле зависноста од Кина.

Од друга страна, Артур Ериксон, коосновач и директор на американската компанија Hylio, смета дека заминувањето на DJI ќе создаде простор за раст на домашните производители. Сепак, тој проширувањето на забраната на сите странски дронови и компоненти го оцени како изненадувачко и претерано, изразувајќи надеж дека правилата ќе бидат дополнително појаснети.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library5rg9vktsdai8cWyZrsT

Трамп тврди дека договорот за крај на војната во Украина е многу блиску

Свет | пред 4 часа

— реклама —
media-library362ucteqq34kcKqKHyw

(Видео) Крвав инцидент во САД: Едно лице загина, осуммина ранети во пукање пред стадион

Свет | пред 13 часа

media-libraryetjmqfmacn7u0iabNim

САД издадоа итно предупредување за можен напад врз музеј и парк во Москва

Свет | пред 1 ден

media-libraryumbu21pcj1j54KMMoFP

Удар за администрацијата на Трамп пред изборите: Судот забрани притисоци врз изборните службеници

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања