Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Сакала да внесе дрога во „Идризово“ скриена во јајца – осомничена 25-годишна жена

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-libraryjhfh70no48g98HGZ6UD

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истражна постапка против 25-годишна жена осомничена за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Според обвинителството, таа на 20 мај се обидела да внесе марихуана и кокаин во КПУ Затвор Идризово, додека била во посета на нејзиниот сопруг кој издржува затворска казна.

— реклама —

„Однела две табли во кои визуелно изгледало дека се спакувани вкупно 60 јајца, но при проверка на скенер и при рачна проверка, било утврдено дека 28 од нив содржат пакувања дрога“, соопшти обвинителството.

— реклама —

Според информациите, во јајцата биле пронајдени:

318,62 грама марихуана
142,2 грама кокаин

— реклама —

Од обвинителството наведуваат дека поради тежината на делото, опасноста од бегство и ризикот од повторување на делото, бил предложен притвор.

— реклама —

Сепак, имајќи предвид дека осомничената е мајка на малолетни деца, меѓу кои и петмесечно бебе, јавниот обвинител предложил мерка куќен притвор.

Предлогот е доставен до судијата на претходна постапка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarysd2urj8q5tls9k9PJ7e

Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена дека отворала лажни кредити и ги присвојувала парите на штедачите

Македонија | пред 6 дена

— реклама —
ojo-1

Кој ќе го наследи Ислам Абази? Обвинителите денеска избираат нов шеф на ОЈО ГОКК

Македонија | пред 2 седмици

media-librarydk5eflmuigni5sfbQOd

Водел нелегален пазар за украдени податоци, а на телефон му пронашле 29 видеа со сексуална злоупотреба на деца: Обвинителството бара притвор

Македонија | пред 4 седмици

ojo

ОЈО бара притвор за двете финансиски раководителки во Државна лотарија, осомничени дека присвоиле речиси 80 милиони денари

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања