Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Самитот во Охрид без конкретен исчекор: Лидерите од регионот повторно бараат фер пристап од ЕУ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 21 минута -

Македонија
media-libraryeqnu0t6vhaaj9WRXHtZ

Шеснаесеттата средба на земјите од Западен Балкан во рамките на Процесот Брдо-Бриони, одржана во Охрид, не донесе значајни новини, а лидерите и овој пат ги повторија барањата за објективен и правичен пристап во проширувањето на Европската унија.

— реклама —

Во заедничката декларација се наведува дека напредокот на секоја земја кандидат треба да се оценува исклучиво врз основа на спроведените реформи и постигнатите резултати. Лидерите порачаа дека членството на Западен Балкан во ЕУ е клучно за безбедноста, стабилноста и економскиот развој на регионот.

— реклама —
— реклама —

Тие побараа земјите од регионот да не се третираат како „трети земји“, туку како составен дел од европските инфраструктурни мрежи и економската интеграција. Во декларацијата се потенцира и потребата од поголеми инвестиции во транспортната, енергетската и дигиталната инфраструктура, како и од посилно вклучување на младите во процесот.

— реклама —

Средбата ја организираа Македонија, Хрватска и Словенија, а хрватските и словенечките претставници ја оценија како најконструктивна досега, истакнувајќи дека поминала без навреди и во духот на дијалогот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryujmvvid25i9q3RSNG1S

Сиљановска-Давкова ги пречека регионалните лидери во Охрид на Самитот на Процесот Брдо-Бриони

Македонија | пред 22 часа

— реклама —
Opstina_Ohrid_080

Лидерите од Западен Балкан денеска во Охрид на самит за европската иднина на регионот

Македонија | пред 1 ден

media-libraryr1l5l3bcnocc24Ama3Y

Балканските лидери утре во Охрид, Чупиќ за првпат ќе ја претставува Србија во новата функција

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања