Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Сарамандов: Во општина Гевгелија се гради нов пазар, спортски објекти, парк како и изградба на булевари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија

,,Денес извршивме увид во градежните активности на повеќе локации на територијата на општина Гевгелија. Најпрво бевме во Миравци каде што пред неколку дена започнаа изведбените работи за новиот пазар кој таму се гради. Потоа го посетивме населеното место Негорци каде што во завршна фаза е реконструкцијата на спортското игралиште во рамките на основното училиште Ристо Шуклев во ова населено место и младите тука добиваат еден прекрасен спортски објект и учениците но и рекреативците од ова населено место.

— реклама —
— реклама —

Исто така во градот Гевгелија го означивме и завршувањето на реализацијата на проектот Модерен урбан парк кој се простира на 6.000 метри квадратни во Гевгелија и прв ваков парк од ваков тип во нашиот град, кој се надeвaм во иднина ќе го чуваме, а во моментот сме на проектот улицата Св. Климент Охридски или попознат кај гевгеличани, Западен булевар.

— реклама —
— реклама —

Уште на почетокот на мојот мандат најавив дека овој проект е најзначаен и е приоритетен од причина што транспортните возила создаваат голем сообраќаен метеж во централното градско подрачје. Овде е завршена првата фаза, значи пробивање на булеварот, а пред неколку дена заврши и втората фаза со поставување на подземната инсталација, поставена е водоводна линија, фекална и атмосферска канализација, а во текот на 2024 година ќе се пристапи и кон поставување на тампонтна зона, асфалт и ивичњаци со што овој значаен проект конечно ќе биде пуштен во употреба до крајот на 2024 година.", изјави Андон Сарамандов, градоначалник на општина Гевгелија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-28-1040PM

ВМРО-ДПМНЕ: Инфлацијата во Македонија е најниска во регионот меѓу земјите со објавени податоци

Македонија | пред 10 часа

media-library2usa516otu319IXcNE8

Единствената коалиција што функционира е СДС, Левица и ДУИ против Изборниот законик, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 10 часа

media-librarykflvct7qbpcp9BfLynD

Манасиевски: Единственото за што се согласни СДС, Левица и ДУИ е да не се донесе Изборниот законик

Македонија | пред 1 ден

media-libraryr5ei96jn3qoc1LENMyH

Стојаноски: Македонија има најниска инфлација во регионот, мерките на Владата даваат резултати

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања