Промени тема
Контакт
LANDOV Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! 2:18:21 Гледај на LANDOV.MK

Саркофагот за останките на цар Самоил се изработува во Бугарија од мермер од Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-library8nefm9for3v99eyNr7a
Фото: БНТ

Саркофагот во кој треба да бидат положени останките за кои се смета дека му припаѓаат на цар Самоил се изработува во Велинград, Бугарија, од бел мермер од Македонија, односно од прилепскиот регион, објави бугарската телевизија БНТ.

— реклама —

Според БНТ, изработката на саркофагот се одвива деноноќно. На неговиот капак ќе има крст и натпис со кој Самоил е означен како „цар на Бугарите“.

— реклама —

На саркофагот ќе бидат прикажани и повеќе симболи поврзани со времето на Самоил, меѓу кои две симетрично поставени грабливи птици, црквата „Свети Ахил“ во Преспа, пауни, Архангел Михаил и приказ на Самоиловата тврдина во Охрид.

— реклама —

Археологот проф. Људмил Вагалински за БНТ изјавил дека мотивот со двете грабливи птици најверојатно претставува родов симбол.

Бугарските медиуми наведуваат дека саркофагот се изработува во рамките на подготовките за пренесување на останките за кои се смета дека му припаѓаат на цар Самоил од Грција во Бугарија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryqu1lktf3sauocXNfMRd

ДНК, изотопски и хемиски анализи ќе утврдуваат дали останките се на цар Самуил

Балкан | пред 2 седмици

— реклама —
media-librarya13k5rss2k3tdNbzfE5

Грција ѝ ги предаде на Бугарија посмртните останки за кои се тврди дека му припаѓаат на цар Самоил

Балкан | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања