Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Шасивари и Османи: Законот за употреба на јазиците мора доследно да се спроведува во сите институции

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryq1cbu1fgai7lbL9M8rU

Доследната примена на Законот за употреба на јазиците и унапредувањето на институционалната соработка биле во фокусот на работната средба меѓу министерот за правда Јетон Шасивари и директорот на Агенцијата за примена на јазикот, Гранит Османи.

— реклама —

На средбата било истакнато дека целосното спроведување на Законот претставува законска обврска и важен предуслов за владеење на правото, правната сигурност и обезбедување еднаков пристап на граѓаните до институциите.

— реклама —

Министерот Шасивари ја потврдил определбата на Министерството за правда за јакнење на институционалните механизми што ќе обезбедат почитување на законските одредби и гарантирање на јазичните права на граѓаните.

— реклама —

Директорот Османи посочил дека Агенцијата за примена на јазикот обезбедува стручна и практична поддршка за државните институции при спроведувањето на Законот за употреба на јазиците, преку насоки, препораки и експертска помош. Тој нагласил дека Агенцијата работи на унапредување на службената употреба на албанскиот јазик, кој го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните, како право утврдено со закон.

— реклама —

Соговорниците се согласиле дека во наредниот период ќе се продлабочи институционалната соработка, координацијата и заедничките активности со цел поефикасна и доследна примена на Законот за употреба на јазиците во сите државни институции.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library6kjeefmo9q8pcG2Yncs

Шасивари од Будва: Криминалот не смее да се исплати, а незаконски стекнатиот имот не смее да остане кај сторителите

Македонија | пред 6 дена

— реклама —
media-library1iuumfrc2fp15yNx556

Шасивари се сретна со министерката за правда на Косово во Будва

Македонија | пред 1 седмица

media-librarynsoe3qmsa6vi1dhhBRL

Македонија и Катар ќе ги продлабочуваат односите во областа на правосудството

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryravbhnc4rdvd4UniqCU

Шасивари: Довербата во правдата се заслужува со дела, а не со ветувања

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања