Саудиска Арабија размислува за смена на селекторот Јоргос Донис по елиминацијата од Светското првенство.
Според тамошните медиуми, грчкиот стручњак би можел да ја плати цената за испаѓањето уште во групната фаза, откако Саудиска Арабија освои само два бода во три натпревари. Ремијата против Уругвај и Зеленортските Острови, заедно со тешкиот пораз од Шпанија, не беа доволни за пласман во нокаут-фазата.
Дополнително, јавноста го критикуваше залагањето, изборот на играчи, како и тактиката што ја форсираше Донис.
Според информациите на „Ал-Ријадија“, челниците на Фудбалскиот сојуз сериозно размислуваат за прекин на соработката со Донис како дел од поширока реорганизација на националниот тим, а конечната одлука треба да биде донесена во наредните денови.
Како главен кандидат за негов наследник се споменува искусниот португалски стратег Жорже Жезус, кој одлично го познава саудискиот фудбал. Искусниот тренер минатата сезона го предводеше Ал Наср до шампионската титула во Саудиска Арабија. Така, Кристијано Роналдо го освои својот прв трофеј во оваа земја.