СДС и ДУИ во Детска клиника без тендер набавувале лекови вредни милиони, а и кон донираните се однесувале неодговорно, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
detska-klinika-1

„Нема крај на неодговорно, недомаќинско и расипничко однесување на СДС и ДУИ. Секојдневно на видели излегуваат нивните злоупотреби со институциите на системот, ограбувањето на државните ресурси, осиромашувањето на народот“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Изминатиот период објавивме бројни скандали за злоупотреба на службената должност на лица од СДС и ДУИ кои раководеле со јавни и државни институции.

Од ваквите скандали кои отвораат сомнежи за сторени криминали од милионски вредности, СДС и ДУИ не ги поштедиле ниту здравствените институции кои треба да се сервис и да водат грижа за здравјето на македонските граѓани.

— реклама —

Клиниката за детски болести е здравствена институција која треба да обезбеди навремена, соодветна и квалитетна здравствена нега за најчувствителната категорија пациенти, децата. Но, СДС и ДУИ не можеа да ги држат рацете подалеку дури ни од оваа витална институција, а да не профитираат врз здравјето на децата.

Според Извештајот на Државниот завод за ревизија за работата на детска Клиника во 2022 година, констатирано е дека без тендер се набавувале лекови во вредност од неколку милиони.

За време на раководењето на кадри од СДС и ДУИ, Клиниката за детски болести набавила лекови од 8,6 милиони денари на реверс, а потоа ги вратила на фирмата која го добила тендерот.

Освен кон набавените лекови, детска клиника во време на СДС и ДУИ неодговорно се однесувала и кон лековите кои ги добивала како донација, така што за две донации не е запишано која сума се проценуваат.

Според податоците во Извештајот, примени се лекови за ретки болести во вредност од 200 милиони денари, а лекови вредни над 50 милиони евра останале неискористени.

Ова само покажува колку е голема неспособноста на СДС и ДУИ, и колку недомаќински и расипнички раководеле со јавните здравствени установи. Кај што ги трошеле и не ги штеделе парите на граѓаните, така и со донациите недомаќински управувале.

Како и во целата држава, така и во здравството СДС и ДУИ направија хаос и целосно го урнисаа“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

petrovska-krupen

Се умори јавноста Славица Петровска од СДС да глуми жртва, врати ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 11 месец

mickoski-h-3

Комично делуваат пресметките на отворена сцена како крими нарко пресметка на две банди од власта, смета Мицкоски

Македонија | пред 3 години

grubi-4

Груби кажува лаги, ако имаат пратеници за уставни измени уште наредна недела нека ги стават на дневен ред, бара ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 3 години

kovacevski-maricic-bujar

Ковачевски призна дека нема пратеници кои ќе му го поддржат предавството за промена на Уставот и исполнување на бугарските мегаломански барања, вели опозицијата

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања