Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: „3 дена до уште една лага и неисполнето ветување на Мицкоски за реформската агенда“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-library4jn6vnlnil3af9na4JU

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија преку соопштение обвини дека Владата, предводена од Христијан Мицкоски, нема да ја исполни Реформската агенда во рокот што самата го постави, оценувајќи дека станува збор за уште едно неисполнето ветување кон граѓаните.

— реклама —

Од СДСМ посочуваат дека остануваат уште три дена до 1 јуни, датум до кој, според нив, премиерот ветил целосно исполнување на обврските поврзани со продолжување на европскиот пат на државата.

„Три дена до уште едно неисполнето ветување и уште една голема лага на Мицкоски“, наведуваат од партијата.

— реклама —

Во соопштението се додава дека Владата за две години реализирала само дел од предвидените точки, а како клучен проблем ги посочуваат уставните измени и внесувањето на малцинствата во Уставот.

— реклама —

Од СДСМ тврдат дека без исполнување на тие обврски нема да има напредок во преговорите со Европската Унија, отворање нови поглавја и пристап до европски фондови.

„Нека ги внесе малцинствата во Уставот или нека излезе пред граѓаните и признае дека не сака членство во ЕУ“, порачуваат од партијата.

— реклама —

Во соопштението се наведува и дека ВМРО-ДПМНЕ, како што велат, избегнува европски правила и механизми за одговорност поради страв од борбата против криминалот и корупцијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 23 минути

— реклама —
media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 час

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 23 часа

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

„Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот - до толку ли ја испразни Мицкоски државната каса?“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања