Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: Ако реформите се исполнети, зошто Мицкоски со месеци ја обвинува опозицијата дека блокира?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-library2672l82he69g0mwZWZG

Христијан Мицкоски сега тврди дека до ЕУ доставил документ со „целосно исполнети реформски обврски“. Ако реформите се навистина исполнети, тогаш сите досегашни обвинувања кон опозицијата дека го блокира Изборниот законик и со тоа ги спречува реформите беа обична лага, велат од СДСМ.

„Месеци наназад ВМРО-ОКГ тврдеше дека без Изборниот законик не може да се заврши Реформската агенда. Рокот 1 јуни одамна помина.

— реклама —

Реформите не се исполнети. Клучните закони или не се донесени, или се вратени од Европа на доработка.

Правосудството останува под политичка контрола а тоа го потврди и  Европската комисија.

— реклама —

Доставувањето на документ во кој самите се оценуваат како успешни не значи дека обврските се исполнети.

— реклама —

Тоа значи само дека повторно се обидуваат да создадат привид на напредок, додека во реалноста Македонија стои во место.

Сега, кога самите велат дека сè е исполнето, станува јасно дека Изборниот законик никогаш не бил вистинска пречка. Тој беше само алиби.

— реклама —

Или реформите не се исполнети, и повторно лажат. Или се исполнети, и месеци лажеа дека опозицијата ги блокира.

Во секој случај, Мицкоски многу, многу лаже. А лаже и целото ВМРО-ОКГ“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 23 часа

— реклама —
media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 1 ден

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

„Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот - до толку ли ја испразни Мицкоски државната каса?“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања