Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: Арамијата Христијан повторно ѝ се заканува на СДСМ, стравот му влезе во коски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
sdsm-i-mickoski

Во Брвеница синоќа не зборуваше премиер. Зборуваше човек што губи. Паѓа ВМРО. Паѓа тој. Народот им ја зема довербата, се вели во соопштението на опозициската СДСМ.

„Паниката има име: Лаура Ковеши. Европско обвинителство. Истрага што не застанува пред презиме, функција и партиска книшка.

— реклама —

Сам призна дека води војна против СДСМ. Не против криминалот туку против единствената опозиција што го именува.

Војната ја води со цела екипа. Со Вучиќ, со Орбан, со нивните медиуми, со таканаречените новинари и лажни аналитичари. Ја води со Русија, со играчи на БИА, со Латас, со Ивона.

— реклама —

Со луѓе без морал. Со тендер-патриотите од ЗНАМ. Со руската Левица, анти-ЕУ, анти-НАТО, анти-Америка, што не влезе во салата и не гласаше за минимална плата од 600 евра. Ја води со Платформата, ЗНАМ 2.0, за 1,6 милиони.

Сателити. На далечинско. Не со народ.

— реклама —

Луксуз-патриоти со бугарски пасоши. „Институција“ со часовници од 60.000 евра и костим од 10.000. Народот нема за храна, нема за сметка. Тој има за се. Затоа таков говор во Брвеница и закана за втор круг.

Христијане. Ќе одговараш. Ти и целата банда. И тоа го знаеш. Затоа врескаш.
Затоа ти треба алиби. Затоа ти треба сателит, не глас.

СДСМ, заедно со народот, ќе ја врати власта во рацете на народот. Вистината стигна. Правдата доаѓа.

За Организираната криминална група ВМРО-ОКГ нема втор круг. Има прв круг - одговорност“, се вели во соопштеието.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library78gbr1ap8avtfzReKWD

СДСМ: Алта банка падна, балканскиот картел се руши, Обвинителството веднаш да поведе постапки против Мицкоски и Славески

Македонија | пред 30 минути

— реклама —
media-libraryd12cvcl72ad37KjwVDn

Владата го одби амандманот на СДСМ за над една милијарда денари дополнителна поддршка за земјоделците

Македонија | пред 14 часа

media-library5bl037kdm1f1bS9sQDN

СДСМ: Муцунски за Ива Михаилова вели „Непристојно е земја членка на ЕУ да стане прибежиште за бегалци од правдата" - а за Груевски?

Македонија | пред 22 часа

media-librarydi2a0nqmq6ra5yxVQxa

„Левица не само што е руска партија туку и Македонија ја сака во БРИКС“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања