Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: Арамијата Мицкоски ја зголеми дупката во ПИОМ на 1 милијарда евра, пензиите ги доведе во ризик

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library7kafgtnue3t2a3bRHDL

СДСМ преку соопштение обвини дека Фондот за пензиското и инвалидското осигурување се соочува со сериозен финансиски проблем, тврдејќи дека дефицитот достигнал историски 1 милијарда евра, односно повеќе од 14 проценти од државниот буџет.

— реклама —

Од партијата посочуваат дека и покрај зголемувањето на придонесот за ПИОМ за еден процентен поен од 1 јули, преку пренасочување на средствата што претходно оделе во Агенцијата за вработување, дефицитот продолжува да расте.

Според СДСМ, тоа покажува дека ПИОМ станува сè позависен од буџетски трансфери и дека власта нема јасен план или решение за финансиската одржливост на пензискиот фонд.

— реклама —

Од опозициската партија истовремено обвинуваат дека за само две години државата била задолжена со 4 милијарди евра нов долг. Како пример ги наведуваат и трошоците од 5,5 милиони евра за една прослава, за кои тврдат дека се потрошени во услови кога, според нив, нема доволно мерки за заштита на животниот стандард на пензионерите.

— реклама —

СДСМ изразува загриженост и за вториот пензиски столб, наведувајќи дека најавите на власта за неговата иднина се движат од национализација до „реконструкција“, без, како што тврдат, јасен модел и гаранции за средствата на осигурениците.

Од партијата оценуваат дека ваквиот пристап создава неизвесност за граѓаните кои со години уплаќаат во пензиските фондови и бараат сигурност за нивните идни пензиски примања.

„Пензиите не се милостина од Мицкоски, пензиите се стекнато право“, порачуваат од СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryrtoi1ff273luc32mRhI

(Видео) „Стив Наумов“ прокиснува по реконструкцијата од 10 милиони евра, тврди СДММ

Македонија | пред 3 часа

— реклама —
media-library43a3fp3nvvsc29P6LA4

СДСМ: Скопје без сигурен превоз, Ѓорѓиевски со дрон и билборд, автобуси од Орбан и ѓубре од Куманово

Македонија | пред 3 дена

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

СДСМ: Мицкоски крати пари за здравството додека не работат апарати, нема лекови и терапија – хаосот продолжува

Македонија | пред 3 дена

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

СДСМ: Земјоделците се на работ, трошоците растат 8,8%, цените 2,3%, Арамијата молчи

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања