Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

СДСМ бара јавно извинување од Мицкоски: Граѓаните ги нарекуваше „талог“, „глодари“ и „мекотели“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-library77mfp7ni94qf7Vp6Dcn

СДСМ побара премиерот Христијан Мицкоски јавно да им се извини на граѓаните, обвинувајќи го дека со месеци користел навредливи квалификации кон оние кои не се согласуваат со неговите политики.

— реклама —

„Христијан Мицкоски им должи јавно извинување на граѓаните на Македонија. Не на пратениците во празна сала, туку на граѓаните кои ги навредуваше со месеци“, соопшти партијата.

Од СДСМ наведуваат дека Мицкоски ги нарекувал граѓаните „талог на општеството“, „глодари“, „медиокритети“ и „мекотели“, оценувајќи дека таквиот речник не е достоинствен за премиер.

— реклама —

„Ги омаловажуваше сите кои не се согласуваат со него, кои ја критикуваат неговата политика или кои едноставно бараат подобар живот. Таквото однесување не е достојно за премиер на држава. Уште помалку е достојно за човек кој се претставува како универзитетски професор“, наведува СДСМ.

— реклама —

Во партиското соопштение се споменува и министерот Иван Стоилковиќ, за кого тврдат дека во Собранието „отворено пцуел пратеници“ и дека се обидел физички да се пресмета со пратеникот Митко Трајчулески.

Според СДСМ, едно „извинете“ изговорено во Собранието не е доволно за да се избришат, како што велат, сите претходни навреди кон граѓаните.

— реклама —

„Христијан Мицкоски должи јавно и искрено извинување на граѓаните на Македонија. Сè додека тоа не го направи, ќе остане запаметен како премиер кој наместо да ги обединува граѓаните, ги навредува и ги понижува“, се наведува во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 23 часа

— реклама —
media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 1 ден

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

„Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот - до толку ли ја испразни Мицкоски државната каса?“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања