Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: Билбордот со коњ со пет нозе не е „печатна грешка“, туку доказ за неспособност

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-library0blen8rjpkeg8JSUeWa

СДСМ реагираше на изјавата на градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, кој спорниот билборд, поставен на влезот во главниот град, на кој се забележуваат повеќе неправилности, го оцени како „печатна грешка“.

— реклама —

Од партијата тврдат дека не станува збор за печатна грешка, туку за графичко решение изработено без соодветна контрола и проверка, посочувајќи дека на билбордот се прикажани, како што велат, „коњ со пет нозе, мост без крај и храмот Свети Сава од Белград наместо скопски пејзаж“.

— реклама —

Според СДСМ, ваквото решение, како и објаснувањето на градоначалникот, се доказ за, како што наведуваат, негрижа и неодговорно работење на градските власти. Во соопштението, партијата упатува критики и за состојбата со јавната хигиена и јавниот превоз во Скопје.

— реклама —

СДСМ истовремено поставува неколку прашања до Град Скопје, барајќи да се објави кои фирми учествувале во изработката на графичкото решение, по кои критериуми бил избран изведувачот и дали за проектот била спроведена јавна набавка согласно со законските процедури.

— реклама —

Од партијата оценуваат дека наместо да се фокусира на решавање на клучните проблеми во градот, градската власт се занимава со, како што тврдат, промотивни проекти што предизвикуваат негативни реакции.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 23 часа

— реклама —
media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 1 ден

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

„Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот - до толку ли ја испразни Мицкоски државната каса?“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања