Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: „Дизелот поскапува за 6 денари, граѓаните повторно плаќаат за неспособноста на власта“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryifj7namj2f1n0svrrZY

СДСМ реагира дека од утре дизелот ќе поскапи за шест денари и ќе достигне 101 денар за литар, оценувајќи дека тоа ќе биде дополнителен удар врз семејните буџети.

— реклама —

Од опозициската партија велат дека повисоката цена на дизелот ќе ги зголеми и трошоците за транспорт и производство, што, според нив, ќе се одрази и врз цените на храната.

СДСМ посочува дека трошоците за живот веќе се високи и оти потрошувачката кошничка со вклучена кирија достигнала речиси 90.000 денари, додека платите стагнираат. Партијата оценува и дека инфлацијата од 2,6 отсто не значи поевтин живот за граѓаните, бидејќи, како што велат, цените што еднаш се зголемиле не се вратиле на претходното ниво.

— реклама —

„За само две години општото ниво на цените е зголемено за 7 отсто. Куповната моќ на граѓаните е трајно намалена“, велат од СДСМ.

— реклама —

Од партијата ја обвинуваат Владата дека не презема соодветни мерки за ублажување на последиците од поскапувањата и дека истовремено го зголемува јавниот долг.

„На граѓаните не им требаат статистиките и проценти од Мицкоски. Нивната статистика е празниот фрижидер и паричник“, наведуваат од СДСМ.

— реклама —

Опозициската партија тврди дека за две години е создаден нов долг од околу четири милијарди евра и оти јавниот долг се приближува до 12 милијарди евра, односно над 65 отсто од БДП.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarydh478nk3bt4a8pTWIOs

(Видео) „На 13 ноември Скопје беше ослободено, а денеска е заробено од криминална власт“, вели Давчевски

Македонија | пред 5 часа

— реклама —
media-libraryd284jdr2diucdSIroCj

„Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески!“, велат од СДСМ

Македонија | пред 7 часа

media-libraryai70uklb91bl95snuYp

СДСМ: Со паузи власта ги спречи опозициските пратенички прашања

Македонија | пред 23 часа

slaveski1

(Видео) „СДСМ бара привремена забрана за вршење должности на Трајко Славески и останатите во НБРМ за Алта банка“, вели Димитријевиќ

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања