Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: Евростат и НБРМ ги демантираа тврдењата на Мицкоски за економскиот раст

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-librarypeu1u1rdt5f5cn71SaP

СДСМ соопшти дека податоците на Евростат и Народната банка ја потврдуваат, како што велат, реалната економска состојба во земјата и ги демантираат изјавите на премиерот Христијан Мицкоски за македонската економија.

— реклама —

Од партијата наведуваат дека Македонија има БДП по жител кој изнесува 43 проценти од просекот на Европската Унија, што, според нив, ја става меѓу земјите со најнизок животен стандард во Европа.

„НБРМ и Евростат потврдија: Македонија е меѓу земјите со најнизок БДП по жител во Европа. Само 43 проценти од просекот на ЕУ. Во регионот – речиси на дното“, велат од СДСМ.

— реклама —

Според опозициската партија, ова е реалност што граѓаните ја чувствуваат секојдневно преку ниските плати, високите трошоци за живот и иселувањето на младите.

— реклама —

Во реакцијата се посочува дека, додека Мицкоски, како што тврдат од СДСМ, зборувал дека Македонија е „трета“, а потоа и „прва економија во Европа“, официјалните европски статистики покажуваат дека земјата е меѓу најсиромашните.

Од СДСМ оценуваат дека членството во Европската Унија би донело поголем пристап до европски фондови, повисоки плати и пензии, слободно движење, независно судство и поголеми можности за младите.

— реклама —

„Тоа е разликата меѓу бајките на Мицкоски и реалниот живот. Затоа ни е потребна Европа. Не затоа што некој ни наложува, туку затоа што без неа, а со Мицкоски, остануваме таму каде што сме – на дното“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 22 часа

— реклама —
media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 23 часа

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 1 ден

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

„Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот - до толку ли ја испразни Мицкоски државната каса?“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања