Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

СДСМ Гостивар бара одговорност за труењето на граѓаните со отровна вода

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-libraryha3jbiq9ro2f1DNhi5y

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

На граѓаните на Гостивар им се случи огромна здравствена катастрофа, труење со вода. Најдраматичен доказ за целосниот системски распад на здравството и институциите кои ги води ВМРО-ОКГ, велат од СДСМ Гостивар.

„За труењето на над 3.000 граѓани на Гостивар мора да има одговорност, од локално па до централно ниво.

Политичка и кривична. Од сите.

Не може да се отруе цел град и да нема ниту една оставка од оние кои потфрлиле, не може да луѓето да пијат отровна вода а никој да не одговара од власта.

20 години ВМРО-ОКГ е коалиција со секоја локална власт во Гостивар.

Дваесет години нивни луѓе потпишуваат, именуваат, одлучуваат, членуваат по Управни одбори на јавните претпријатија.

— реклама —

Центрите за јавно здравје се раководени од исти кадри, избрани од иста гарнитура со вмешани прсти на ВМРО.

Додека граѓаните на Гостивар пиеле со денови отровна вода, Центарот за јавно здравје а прогласил водата за исправна.

А пред тоа 5 дена молчеа. По 200 луѓе се пријавувале во болницата во Гостивар и никој од здравствените влати не презел ништо.

Сега го праќаат министерот за полиција да ни кажува процеси за хлорање вода, министерот за здравство да ги напаѓа лекарите што проговореа за вистината во Гостивар.

— реклама —

Да ни кажуваат на нас Гостиварци дека секој е виновен, освен ВМРО-ОКГ, Мицкоски и тендер-коалицијата.

Власта на Мицкоски и неговата Организирана криминална група не може да бегаа од одговорност.

Тие денес ја имаат целата моќ и ја носат целата одговорност, и на локално и на државно ниво.

— реклама —

Пратеници со години во Собранието, советници од владеачката коалиција, вработени во општината, вработени во водоводот.

Дојде време сите да одговараат.

Здравјето на луѓето е пред секоја функција и пред секое име и презиме“, велат од СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library45vicbt77qoq0tf9ti2

СДСМ: Владата позајмува 7 милиони евра од Македонска навигација - уште еден доказ дека касата е празна

Македонија | пред 2 часа

media-library5pmmucgfbnpndtxuTsD

СДСМ: За здравјето на граѓаните - пет дена чекање, за тендерите - истиот ден

Македонија | пред 2 часа

media-library700g4cqt6a518RMehQS

СДСМ: ВМРО-ОКГ продолжува со истата тактика, не прифаќаат никаква одговорност и упорно ја обвинуваат опозицијата

Македонија | пред 3 часа

296165897_758644842021009_8011557410898836559_n

СДСМ: Мицкоски повторно ќе ги повика ли соседите да точат гориво во Македонија?

Македонија | пред 4 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања