Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

СДСМ и Коалицијата за европска иднина го означија стартот на кампањата за парламентарните избори

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
IMG_3495

,,Со настан во Музејот на современа уметност, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и Kоалицијата за европска иднина, го означија почетокот на кампањата „Нема откажување од иднината“, за претстојните парламентарни избори.

— реклама —

Со видео обраќање, членот на германската сестринска партија ПЕС, Олаф Шолц, упати јасна порака дека за силна ЕУ е потребен процесот на проширување со Северна Македонија и државите од Западен Балкан е ветар во грбот на прогресивните сили во нашата држава, да се обединиме и да сработиме за полноправно членство во ЕУ во следните неколку години.

— реклама —

На настанот, претседателот Ковачевски ќе се осврне на сработеното во изминатиот мандат на Владата предводена од СДСМ и коалицијата за европска иднина, но и ќе ги потенцира мерките предвидени во програмата на Kоалицијата за европска иднина. Програма која е реална, остварлива и нема откажување додека секој ред од неа не стане реалност за нашата европска Македонија.

Јасен е интересот на на оваа кампања, да се обезбедат соодветни демократски предуслови за слободни и фер избори. Избори на кој СДСМ и Коалицијата ќе добијат голема поддршка од граѓаните и ќе ја формираме новата влада која најдоцна до 2030 година ќе ја однесе државата во ЕУ, но и ќе ја донесе Европа тука, во Македонија.

— реклама —

Носителите и ко-носители на кандидатските листи за престојните парламентарни листи, луѓе кои се квалитетни, луѓе кои имаат знаење и вештини и што е можеби најважно одлучност и посветеност да работат за доброто на државата и на граѓаните ќе се потпишат на мурал кој ја симболизира порака на Коалицијата за европска иднина: „Нема откажување од европската иднина на Македонија“.

— реклама —

Со ставање на нивните потписи, тие симболично ќе се заложуват дека ќе направат сè да го остварат сонот на многу генерации – Македонија да стане рамноправна членка на Европската Унија.”, велат од СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 22 часа

— реклама —
media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 23 часа

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 1 ден

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

„Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот - до толку ли ја испразни Мицкоски државната каса?“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања