Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: Мицкоски бара алтернатива на Европа - Русија, Кина и Индија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryj6lg86qtfiga868wmwn

Денеска Христијан Мицкоски имаше работен ручек со претседателката на Индија. Официјално за билатерална соработка. Неофицијално за пронаоѓање на алтернатива за европскиот пат, велат од СДСМ.

„Мицкоски веќе подолго време покажува дека нема намера да ја одведе Македонија во Европската унија.

Наместо тоа, систематски бара други партнери.

— реклама —

Прво со Орбан и неговата Унгарија, потоа со Вучиќ и Србија, а сега и со Индија - земја која е дел од БРИКС, заедно со Русија и Кина.

Дали на средбата со индиската претседателка зборувал за тоа како Македонија може да се приклучи на БРИКС?

Дали ѝ објаснил дека ЕУ не ѝ е потребна на Македонија, бидејќи има „други опции“?

— реклама —

Дали спомнал дека е подобро да се чекаат децении, отколку да се спроведат реформи кои би донеле независно правосудство и одговорност?

Дали споменал дека и кажал збогум на Европа?!

Мицкоски не сака во Европа затоа што Европа бара правила, транспарентност и одговорност.

— реклама —

Русија, Кина и дел од земјите од БРИКС нудат нешто друго - помалку прашања, помалку контрола и повеќе простор за внатрешна контрола врз институциите.

Ова не е дипломатија. Ова е политичко бегање од европскиот пат.

Мицкоски веќе отворено кажува дека ќе чекаме децении за ЕУ.

— реклама —

Во меѓувреме, гради врски со оние кои не бараат реформи, не бараат независно судство и не бараат одговорност за криминалот.

На Македонија не и е потребна Европа, вели Мицкоски. Потребни и се Русија, Кина и Индија.

Тоа е неговата вистинска стратегија“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 23 часа

— реклама —
media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 23 часа

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 1 ден

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

„Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот - до толку ли ја испразни Мицкоски државната каса?“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања