Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: „Мицкоски е уплашен од незадоволство на лозарите – во полиција повикан советник на СДСМ за објава на Фејсбук“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-library7kafgtnue3t2a3bRHDL

СДСМ преку соопштение обвини дека врз нивен советник од Кавадарци се врши притисок откако тој бил повикан на информативен разговор во полициска станица поради објава на „Фејсбук“ поврзана со проблемите на лозарите.

— реклама —

Од партијата велат дека советникот Вуко Мелов бил повикан на разговор по објава на страницата „Мое Кавадарци“, во која, според СДСМ, биле посочени проблемите со откупот на грозјето и бил најавен можен протест на лозарите.

— реклама —

„Ете колку е голем стравот на Мицкоски од незадоволството на граѓаните, од незадоволството на лозарите“, наведуваат од СДСМ, оценувајќи го повикувањето во полиција како „класичен притисок, обид за заплашување и замолчување“.

Од партијата ја обвинија Владата дека, наместо да ги решава проблемите на лозарите, врши притисок врз политички неистомисленици. Во соопштението СДСМ прави паралела и со состојбите во Србија под власта на Александар Вучиќ.

— реклама —

„Христијан Мицкоски е уплашен од вистината, од незадоволството на лозарите“, стои во партиското соопштение.

— реклама —

СДСМ порача дека нема да се откаже од јавното говорење за проблемите на граѓаните и најави дека, како што велат од партијата, сите што вршат притисок или се обидуваат да замолчат и заплашат некого ќе одговараат.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 21 час

— реклама —
media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 22 часа

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 1 ден

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

„Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот - до толку ли ја испразни Мицкоски државната каса?“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања