Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: Мицкоски најави намалување на акцизите, а горивата повторно поскапуваат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-library0av8mg16bvh6dVzxC7V
Скопје1.мк

СДСМ ја обвини Владата дека доцни со економските мерки, откако премиерот Христијан Мицкоски најави можност за намалување на акцизите поради растот на цената на нафтата, а во меѓувреме се очекува ново поскапување на горивата.

Од опозициската партија оценуваат дека најавите за намалување на акцизите доаѓаат предоцна и нема да ги ублажат последиците од растот на цените.

— реклама —

„Христијан Мицкоски вчера најави намалување на акцизите поради растот на цената на нафтата. Веќе денеска се очекува ново поскапување на горивата. Ова е уште еден доказ за реактивната и неуспешна економска политика на ВМРО-ОКГ“, се наведува во соопштението на СДСМ.

— реклама —

Според партијата, Владата постојано реагира откако цените веќе се зголемиле.

„Мицкоски и неговата влада постојано доцнат со мерките. Кога цените веќе скокнаа до плафон, тогаш излегуваат со најави за намалување на акцизи. Но, и тоа доаѓа предоцна“, наведуваат од СДСМ.

— реклама —

Од опозициската партија тврдат дека нивните предлози за навремени и системски мерки не биле прифатени и дека граѓаните се соочуваат со постојан раст на цените на горивата, храната и другите основни производи.

— реклама —

„Наместо превентивни мерки и заштита на стандардот на граѓаните, добиваме доцни реакции и празни најави кои не ја решаваат кризата“, стои во реакцијата.

СДСМ оценува дека економските политики на Владата не даваат резултати и дека граѓаните, според нив, ги чувствуваат последиците преку континуираното поскапување на животните трошоци.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 23 часа

— реклама —
media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 1 ден

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

„Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот - до толку ли ја испразни Мицкоски државната каса?“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања