Промени тема
Контакт

СДСМ: Мицкоски, навистина мисли дека сите се идиоти, како и Бобан Милошески

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-librarythppdii899tk9On5Afy

СДСМ го обвини премиерот Христијан Мицкоски дека ја доведува јавноста во заблуда со тврдењето оти за концертот на Дејвид Гета и останатите настани по повод 35 години независност од државниот Буџет биле потрошени „нула денари“.

— реклама —

Од опозициската партија прашуваат дали средствата што ги издвојувала Државната лотарија, која е во државна сопственост, не треба да се сметаат за јавни средства.

„Гета бесплатно? Целата прослава бесплатно? Тоа што го платила Државна Лотарија, која е во сопственост на државата – тоа не важи?“, прашуваат од СДСМ.

— реклама —

Од партијата тврдат дека доколку државна компанија покрива трошоци поврзани со владините прослави и концерти, станува збор за средства кои, според нив, повторно се пари на граѓаните.

— реклама —

„Кога државна компанија плаќа од дивидендата за концерти и прослави на Владата – тоа се пари на граѓаните. Нема „нула денари“. Има префрлање на трошокот од еден џеб на државата во друг“, велат од СДСМ.

Опозициската партија дополнително ја критикува Владата за трошењето на средства за големи музички настани, додека, како што тврди СДСМ, државата се задолжува и има недостиг на средства за други потреби.

„Мицкоски, граѓаните не се идиоти. Гледаат каде одат парите. И знаат дека „нула денари“ е само уште една лага“, наведуваат од СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library43a3fp3nvvsc29P6LA4

СДСМ: Панче Тошковски ја пушти Михаилова, сè се работи под маса откако ВМРО-ОК е на власт

Македонија | пред 5 часа

— реклама —
media-library7kafgtnue3t2a3bRHDL

„Мицкоски најави 1.000 евра просечна плата а нема 600 евра за минимална, на бајките нема крај“, вели СДСМ

Македонија | пред 10 часа

media-library8kqrs88r772q9V7xswt

СДСМ: ВМРО-ОКГ призна пад на довербата од 40% па објави дека народот живее добро поради Гета и дека сака да го викаат талог

Македонија | пред 10 часа

media-libraryjfqruma9sjia1aAk49y

СДСМ: Арамијата собра сто луѓе, многу помалку отколку за Илинден - на празникот на оние што се бореа против Ванчо Михајлов

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања