Промени тема
Контакт

СДСМ: Мицкоски повторно ќе ги повика ли соседите да точат гориво во Македонија?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
296165897_758644842021009_8011557410898836559_n

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Во Хрватска бензинските пумпи веќе ограничија точење гориво пред најавеното драстично поскапување.  Информациите протекоа денеска. Од вторник се очекува значителен скок на цените, велат од опозициската СДСМ

„Прашањето е едноставно:

Дали Христијан Мицкоски повторно ќе ги повика соседите да доаѓаат да точат гориво во Македонија?

Лани, со намалувањето на ДДВ-то на горивата, Македонија стана бензинска пумпа за регионот.

Соседите доаѓаа, полнеа и си заминуваа. Буџетот загуби значителни приходи. А што добија македонските граѓани?

Ништо. Само привремено пониски цени кои брзо се вратија, додека државата остана без дел од даночните приходи што требаше да одат за плати, пензии и инвестиции.

Денес состојбата е уште полоша.

— реклама —

Инфлацијата продолжува да ги топи реалните приходи.


Потрошувачката кошничка расте.

Минималната плата не мрда. Пензиите не го следат растот на цените.

Земјоделците се оставени без сериозна поддршка, а линеарните поскапувања на репроматеријали, ѓубривата и горивата дополнително ги уништуваат.

— реклама —

За две години оваа власт ја задолжи државата со околу 2,5 милијарди евра нови долгови.

Странските инвестиции паднаа за повеќе од 60 проценти.

Европскиот пат е блокиран. Македонија нема да има пристап до претпристапните фондови на ЕУ - пари што требаше да одат во инфраструктура, земјоделство, млади и развој.

— реклама —

Резултатот е јасен:

Повисоки цени. Пониски реални приходи.  Поголем долг.  Помалку инвестиции. Изолација.

Мицкоски и ВМРО-ОКГ продолжуваат со истата политика - краткорочни потези за политички поени, а долгорочна штета за граѓаните и економијата.

Сметката повторно ја плаќаат обичните луѓе. А одговорноста ја избегнуваат токму оние што ја создадоа оваа состојба“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

СДСМ до Божиновска: Нема извинување, има биографија, броила од 13,2 милиони и човек од доверба на Лазаревиќ

Македонија | пред 21 час

— реклама —
media-library7kafgtnue3t2a3bRHDL

СДСМ: Мицкоски ја распродава Македонија - народот не се прашува

Македонија | пред 23 часа

media-libraryrvnv9su2jj953qKCRwJ

СДСМ: Дизелот поскапе на 104,5 денари, Мицкоски не ги прифати предложените мерки

Македонија | пред 1 ден

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

„Божиновска зборува за рубини а граѓаните чекаат одговори за „Руднап“ и милионските бизниси“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања