Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: Мицкоски повторно ветува „наскоро ќе се знае“ - додека во Гостивар се шири сериозна здравствена криза

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-library6pkjcccrqrtraC6WfUH

Опозициската СДСМ реагираше на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека „наскоро ќе се знае кој наредил што се случило во Гостивар“ и дека ќе има одговорност, оценувајќи дека станува збор за уште едно, како што велат, празно ветување.

— реклама —

Од партијата тврдат дека Мицкоски и претходно најавувал дека јавноста „наскоро ќе дознае“ информации поврзани со повеќе случаи, но, според нив, без конкретен епилог.

— реклама —

Во соопштението СДСМ ги отфрла обвинувањата дека има одговорност за состојбата во Гостивар, посочувајќи дека партијата никогаш не била на власт во таа општина.

— реклама —

Партијата наведува и дека состојбата во Гостивар е сериозна, повикувајќи се на податоци од болницата, според кои во последните 24 часа биле примени 260 пациенти, од кои 100 на Детското одделение и 160 на Инфективното одделение. Според СДСМ, во моментот на Детското одделение биле хоспитализирани седум пациенти, а на Инфективното 20, додека првите случаи биле регистрирани на 13 јули.

Од СДСМ оценуваат дека Владата, наместо да преземе одговорност, ја префрла вината на опозицијата и додаваат дека граѓаните очекуваат конкретни резултати, а не нови најави.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarydi2a0nqmq6ra5yxVQxa

„Левица не само што е руска партија туку и Македонија ја сака во БРИКС“, вели СДСМ

Македонија | пред 6 минути

— реклама —
media-librarynhterufv9d686KaULkj

Трајчулески до Мицкоски: Ќе се откажете ли од спојувањето на АНБ и Агенцијата за разузнавање?

Македонија | пред 15 часа

media-libraryn5v4vrilt7918h7a08U

„Последни претања на Платформата – ЗНАМ 2.0 – од Левица до Црвенковски“, велат од СДСМ

Македонија | пред 22 часа

media-libraryqjpvfkvd9plb11Q6MZr

СДСМ: Како да има Мицкоски добри односи со студентите од Србија, кога Вучиќ им праќаше силеџии да им ги кршат главите, а тој со него пиеше вино?

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања