Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: Мицкоски треба да се извини за навредите - за криминалот ќе одговара

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryl85o3cek89n79Kn961t

СДСМ денеска преку соопштение побара премиерот Христијан Мицкоски да им се извини на граѓаните за, како што наведуваат, навредливите изјави што ги упатувал во изминатиот период, оценувајќи дека тие се недостојни за носител на највисоката извршна функција во државата.

— реклама —

Во партиското соопштение се наведува дека Мицкоски со месеци користел навредливи квалификации кон граѓаните и политичките неистомисленици, а како особено спорен го посочуваат неговиот однос кон пратениците во Собранието. Од СДСМ тврдат дека со навредите кон избраните народни претставници се навредуваат и граѓаните кои им ја дале својата доверба.

— реклама —

Партијата оценува дека дополнителна загриженост предизвикува тоа што, според нив, ваквите настапи ги прави заедно со Иван Стоилковиќ, за кого тврдат дека отворено застапува интереси на други држави.

СДСМ смета дека извинувањето е најмалку што Мицкоски им го должи на граѓаните кои, според партијата, биле навредувани затоа што имаат поинакви политички ставови или се залагаат за европската иднина на Македонија.

— реклама —

Во соопштението, СДСМ изнесува и обвинувања поврзани со криминал и корупција, наведувајќи случаи поврзани со тендери, Никола Груевски, Драган Павловиќ Латас, како и објектот „Бела палата“. Од партијата тврдат дека за овие прашања не е доволно извинување, туку дека треба да има одговорност.

— реклама —

На крајот од соопштението, СДСМ порачува дека навредите можат да бидат повлечени со извинување, но дека, според нив, за криминалот мора да следува одговорност.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 23 часа

— реклама —
media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 1 ден

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

„Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот - до толку ли ја испразни Мицкоски државната каса?“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања