Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: Народот гледа што Муцунски договори во Софија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-library43a3fp3nvvsc29P6LA4

СДСМ преку соопштение упати обвинувања до власта во врска со случајот со Ива Михаилова, обвинета во судска постапка за сообраќајна несреќа со смртни последици, која, според партијата, ја преминала границата и покрај тоа што судот ѝ ги одзел двата пасоша.

— реклама —

Од СДСМ тврдат дека граѓаните гледаат дека зад затворени врати се договараат работи што се разликуваат од она што јавно им се соопштува. Во партиското соопштение се посочуваат и средбите на Тимчо Муцунски во Софија.

— реклама —

Според СДСМ, Михаилова изјавила дека границата ја поминала легално, со лична карта, и дека граничните службеници биле запознаени со тоа. Од друга страна, МВР соопштило дека нема евидентиран излез од државата.

Партијата оценува дека случајот отвора сериозни прашања за функционирањето на граничната контрола и за евентуалната одговорност на инволвираните лица. Од СДСМ упатија критики и до премиерот Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и ВМРО-ДПМНЕ, обвинувајќи ги за пропусти во контролата на границите.

— реклама —

СДСМ побара итна оставка од Тошковски, наведувајќи дека тој треба да понесе одговорност поради, како што тврдат од партијата, низата скандали.

— реклама —

Од партијата бараат да се утврди кој сè е вмешан во случајот и сите одговорни да сносат последици.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 21 час

— реклама —
media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 22 часа

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 1 ден

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

„Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот - до толку ли ја испразни Мицкоски државната каса?“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања