Промени тема
Контакт
LANDOV Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! 2:18:21 Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: Нема одговор, има матрица – приватна фирма плаќа, Мицкоски ја продава државата, за него антимон, за граѓаните отров!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 седмици -

Македонија
media-libraryifj7namj2f1n0svrrZY

Од СДСМ обвинија дека Владата и премиерот Христијан Мицкоски не дале одговор на нивните прашања поврзани со договорот за лобирање во САД и наводите содржани во документ поднесен до американското Министерство за правда.

Од партијата тврдат дека во 2026 година приватната компанија АТС Груп ДООЕЛ Скопје ѝ плаќа на американската лобистичка компанија Mercury 130.000 долари месечно, односно околу 1,56 милиони долари годишно.

— реклама —

Според СДСМ, на 2 април истата компанија го предала материјалот „Стратешко партнерство САД–Северна Македонија“, во кој, како што наведуваат, се споменуваат владино-владино партнерство и имињата на Доналд Трамп и Христијан Мицкоски.

Од СДСМ прашуваат зошто во материјалот се опфатени теми како енергија, ЛНГ, ИТ-договори и одбрана, ако станува збор за приватен договор меѓу две компании.

— реклама —

Партијата го отвора и прашањето за антимонот, кој, според нив, е поврзан со воената индустрија и со рударски активности кај Крива Паланка. Од СДСМ тврдат дека јаловината може да влијае врз почвата и водата, додека интересот за оваа суровина го поврзуваат со приватни економски интереси.

Од СДСМ го поставуваат и прашањето за дипломатскиот пасош на лице кое, според нив, работи во извозот на оружје, како и за средбите на Мицкоски за време на престојот во САД.

— реклама —

„Приватна компанија плаќа. Мицкоски ја пласира агендата како државна. Всушност не е“, наведуваат од СДСМ.

Од партијата дополнително тврдат дека, доколку средбата што Мицкоски ја имал во САД не била наведена во официјалната агенда на американските власти, тогаш станувало збор за неформален контакт, а не за државна средба.

СДСМ бара одговор на прашањето кој ја финансира лобистичката активност во име на Владата и зошто, како што велат, приватни интереси се поврзуваат со државната агенда.

„Нема автогол. Има документ од американското Министерство за правда. Тие немаат одговор на хартијата. Имаат матрица“, наведуваат од СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library43a3fp3nvvsc29P6LA4

СДСМ: Скопје без сигурен превоз, Ѓорѓиевски со дрон и билборд, автобуси од Орбан и ѓубре од Куманово

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

СДСМ: Мицкоски крати пари за здравството додека не работат апарати, нема лекови и терапија – хаосот продолжува

Македонија | пред 3 дена

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

СДСМ: Земјоделците се на работ, трошоците растат 8,8%, цените 2,3%, Арамијата молчи

Македонија | пред 6 дена

media-libraryifj7namj2f1n0svrrZY

СДСМ: Мицкоски најавува дека струјата нема да поскапи, но не ја исклучува можноста за повисоки сметки од јануари

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања