Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: Ослободувањето на Груевски во „Талир 2“ е доказ за контролирано правосудство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
image-149

СДСМ оцени дека ослободителната пресуда за поранешниот премиер Никола Груевски во предметот „Талир 2“ е уште еден доказ дека, како што тврдат, правосудството е под политичка контрола.

„Вчера судот го ослободи Никола Груевски во случајот „Талир 2“. Ова не е изненадување. Тоа е уште еден доказ дека правосудството во Македонија е под директна контрола на Христијан Мицкоски и неговата организирана криминална група ВМРО“, наведуваат од СДСМ.

— реклама —

Од партијата тврдат дека Груевски не е ослободен затоа што е невин, туку затоа што, според нив, „Мицкоски го заштитил својот ментор“.

— реклама —

„Сè што се случува во правосудството во последните две години покажува дека Мицкоски има целосна контрола врз обвинителството и судовите. Тој јавно дава задачи од собраниската говорница, преку медиуми и преку телефон“, се наведува во соопштението.

СДСМ додава дека обвинителството, според нив, постапува по политички налози, а вчерашната одлука во предметот „Талир 2“ ја оценува како потврда на тие тврдења.

— реклама —

„Никола Груевски со години е бегалец во Унгарија, под заштита на Виктор Орбан. Денес, благодарение на Христијан Мицкоски, тој добива и судска заштита во Македонија“, велат од СДСМ.

— реклама —

Во соопштението партијата наведува и дека, според нив, одбивањето да се испратат документи за екстрадиција, како и јавните пораки и притисоци врз институциите, биле насочени кон заштита на поранешниот премиер.

„Прашањето е едноставно: Дали Мицкоски и за овој случај имаше ‘чувство’?“, прашуваат од СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 23 часа

— реклама —
media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 1 ден

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

„Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот - до толку ли ја испразни Мицкоски државната каса?“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања