Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: Оваа Влада ќе биде запаметена по задолжувањето на државата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-librarya8f7lrt0dvnv9fOfN2S

Владата на премиерот Христијан Мицкоски ќе остане запаметена по новите задолжувања и политиката на изолација, а не по изградбата на автопати и големи инфраструктурни проекти, обвинија денеска од СДСМ.

— реклама —

Од партијата тврдат дека јавниот долг веќе надминал 11 милијарди евра и дека за две години Владата ја задолжила државата за околу 2,5 милијарди евра.

— реклама —

Според СДСМ, меѓу новите задолжувања се и заемот од 260 милиони евра од странски банки, како и претходно обезбедениот заем од една милијарда евра од Унгарија.

„Наместо да го намалува јавниот долг, Владата продолжува со нови задолжувања, а истовремено најавува нови големи инфраструктурни проекти“, наведуваат од партијата.

— реклама —

Во соопштението се оценува и дека надворешната политика на Владата ја води државата кон изолација, со блокиран евроинтеграциски процес и нарушени односи со соседните земји.

— реклама —

Од СДСМ додаваат дека Владата нема да биде запаметена по автопатите, туку, како што велат, по зголемената задолженост, изолацијата и недостигот од визија за развој на државата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 23 часа

— реклама —
media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 1 ден

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

„Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот - до толку ли ја испразни Мицкоски државната каса?“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања